. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Адолесценција

 
  Објавено на: 12.04.2005

Што треба да знаете за адолесценцијата?
Адолесценти се смeтаат децата, на возраст од 12-21 година. Вo овој период, тие поминуваат низ многу физички и емоционални промени. Промените често пати се болни и делуваат збунувачки на децата и на родителите. Повеќето деца во тек на овој период ќе го минат пубертетот. Во тек на пубертетот, детското тело расте и се развива, претворајќи се во тело на возрасен маж /жена. На децата не им е сеедено што мислат другите за нив. Во таа возраст, голем дел од децата некритички мисли дека не можат да се повредат. Тие се убедени дека што и да прават, ништо лошо не може да им се случи.

Кои промени се сметаат за нормални?
Адолесценцијата е време кога децата започнуваат да донесуваат сопствени одлуки. Тие ја истражуваат сопствената независност. Започнува процесот на одвојување од родителите. Тие сакаат да бидат сами во својата соба (бараат приватност). Сакаат да експерименитраат со она што е тренд (мода). Сакаат да испробуваат нови идеи и се обидуваат со нови активности. Нивните другари преставуаат значаен дел од нивнииот живот и имаат големо влијание врз нивните одлуки. Во оваа возраст започнува и привлекувањето кон спротивниот пол.

Какви ограничувања треба да им се постават на адолесцентите?
Вашето дете сака повеќе слобода и незавинсот. Верувајте му и дозволете му да донесе некои сопствени одлуки. Сепак, одредени однесувања, никогаш не се во ред, за било кое дете, од било која возраст. Вашето дете не смее да има избор за работи кои го загрозуваат неговото здравје, сигурност или иднина. На пример.

  • Не е прифатлива употребата на дрога и пушење, тие може да го загрозат здравјето на детето.
  • Не е прифатливо да се вози со другари во пијана состојба, со тоа се загрозува безбедноста на детето.
  • Детето мора да оди во училиште. Училиштето го подготвува за да може понатаму во животот, да работи и да заработува за живот.
  • За некои работи може да се преговара ( заеднички се договарате што е правилно, а што не е ) на пример, дали ќе ја бојадиса косата или дали ќе си го мести креветот.

Како да се справувате со конфликти?
Сослушајте го вашето дете. Покажете интерес за она што се случува, не чекајте да настане проблем за да комуницирате. Дозволете мали работи да бидат по негово. Чувајте ја енергијата за поважни работи. Усмерете се кон тоа да ги одредите заедничките цели, наместо да го контролирате детето, како доаѓа до тоа. Ако вашето дете повеќе сака прво да си поигра, па да работи домашна, не инсистирајте да започне со домашните веднаш по училиште. Секоја вечер, пофалете го за завршената работа. Немојте да вршите притисок на него. Ако го притискате, може да се случи да ве игнорира и понатаму може да ве игнорира за многу поважни работи.

Кои теми треба да ги дискутирате со своето дете?
Треба да се дискутира околу употребата на дрога, алкохол , пушење, секс и модните трендови. Поставете ги овие теми пред детето да ве праша и пред тие да станат проблем.

  • Пирс и тетовирање. Денес децата ставаат пирс на различни места како што се ушите, носот, папокот, јазикот, непцето, очниот капак и пупката на градите. Нeкои ставаат пирс дури и на гениталиите или на брадата. Тетовирањето е исто така честа појава. Дајте му на детето време самото да размисли , дали навистина сака пирс или тетоважа. Разговарајте за ризиците. Во тек на самата апликација може да настане инфекција, како што е хепатитис или ХИВ а потоа местото може лесно да се инфицира со бактерии. Ќе треба редовно да се мие со сапун и топла вода, секој ден. Нека зборува со другари кои веќе имаат пирс или тетоважа. Кој се добрите и лошите страни ? Доколку сепак се одлучи да направи, обезбедете да го прави тоа на безбедно место. Не допуштајте да оди кај нестручно лице.
  • Безбеден секс. Нормално е вашето дете да чувствува сексуална привлечност. Информациите за ова ги добива во училиште или од медиумите. Расчистете ако постои конфузија. Нека ви поставува прашања. Упатете го за ризиците од сексуална активност, како што се шансата да забремени или да добие сексуално пренослива болест ( како што е ХИВ). Прашајте го да размисли дали е спремно. Телото може да е спремно, но дали е спремно и емоционално? Дискутирајте ги сопствените стандарди и чувства околу сексот, но не го притискајте. Дискутирајте за апстиненцијата, како за можна опција и избор. Ако вашето дете сепак се одлучи за секс, проверете колку знае за безбеден секс. Дискутирајте ја контрацепцијата, употребата на контрацептиви и кондоми. Понудете му факти. Прифатете го неговиот интерес за сексот. Не дозволувајте да се срами. Уверете го дека неговите чувства се норамални.
  • Дрога, алкохол и пушење. Поставете јасни правила.Кажете му што ќе се случи доколку овие правила се прекршат. Зборувајте за ризиците од пушењето и од употребата на алкохол. Вашето дете не смее никогаш да пие кога вози. Исто така, не семе никогаш да се вози во кола со некој кој пиел. Во случај да пиел, кажете му да ве викне ако треба да вози. Не го казнувајте таа вечер. Зборувајте за тоа, дури следниот ден. Кажете му дека направил правилна одлука кога ве викнал.

Кои знаци ќе ме предупредат дека моето дете има проблем?
Во тек на адолесценцијата чести проблеми се депресија, земање на опојни дроги, пореметувања во јадењето, стрес или проблеми со школото, пријателите или фамилијата. Доколку вашето дете покажува некој од следните знаци, обидете се да утврдите за што се работи:

  • Значаен губиток во тежина или напротив значајно додавање во тежина.
  • Проблеми со спиењето.
  • Драстична промена на другарите.
  • Драстична промена во однесувањето. Бегање од училиште. Намалување на оценките.
  • Намалено расположение. Зборува за самоубиство, било какво спомнување на самоубиство, дури и на шега, треба да предизвика загриженост.
  • Симптоми за злоупотреба на дрога.
  • Проблеми со законот.

Некои совети за родителите
Учествувајте во се. Бидете самите пример. Покажете му на сопственото дете начин, како да се справи со стресот и како да донесува одлуки. Прочитајте книга за адолесценцијата. Ќе ви помогне да знаете што ве очекува и ќе ве подготви како да се справувате со конфликти. Држете се конзистентно за своите ставови. Ако вашето дете бега од училиште, немојте само да прифатите дека „тоа поминува низ таа фаза“. Возраста на вашето дете не е изговор за неадекватно однесување. Запознајте ги пријателите и родителите на другарите на вашето дете. Работете заедно за да бидете во тек. Бидете повеќе посматрачи, а не учесници. Почитувајте ја приватноста на вашето дете. На таа возраст вашето дете сака извесено време и простор, за да биде сам со себе. Неговото купатило и телефонот треба да се приватни. Бидете информирани што чита вашето дете, што гледа на ТВ и што гледа на интернет. Какви видо игри игра? Со кого зборува на Интернет? Вашето дете учи од медиумите. Разјаснете секоја погрешна информација. Дознајте каде вашето дете излегува и со кого, но не очекувајте да ви ги каже сите детали околу неговите активности. Ако се сомневате дека е во прашање вистински проблем, нормално е дека ќе бидете поактивни. Морате да го сочувате вашето дете здраво и сигурно.

Кога треба да консултирате доктор?
Секој разговор за самоубиство не треба да се ингорира. Тоа е причина веднаш да се обратите на вашиот доктор. Консултирајте го докторот секогаш кога сметате дека ви треба сугестија или помош.

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот лекар
  • Психолог
  • Институт за ментално здравје на деца и младинци
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со : 
Асс.д-р Камка Пакетчиева

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.