. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Акутен бронхитис

 
  Објавено на: 12.04.2005

Што е акутен бронхитис?
Акутно воспаление на бронхите (дишните цевки)

Кој го предизвикува?
Обично предизвикувачите се вируси.

Кои се симптомите?
Кашлица, понекогаш покачена температура. Лекарот со слушалките (на аускултација) ќе утврди присуство на респираторни хркулки, понекогаш дишењето е свиркаво (визинг).

Обструктивен бронхитис
Чест во нашата земја, главно предизвикан од вируси. Најчесто се јавува до третата година. Обично на појавата на „свирежи“ претходи инфекција на горните дишни патишта 1-3 дена, а потоа се манифестира „визинг“. Трае околу 10- 15 дена. Кај дел од овие деца се работи за астма.

Која е терапијата?
Ако е присутен визинг со опструкција се даваат бронходилататори. На пример салбутамол со инхалација или како сируп). Антибиотици најчесто не треба да се даваат, освен ако лекарот се посомнева за бактериска инфекција, кога може да препише антибиотик ( најчесто амоксицилин или ко-тримоксазол).

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар.
  • Клиника за детски болести.
  • Институт за белодробни заболувања.
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со
Проф.д-р Предраг Трандафиловски 

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.