. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Акутен бронхиолитис

 
  Објавено на: 12.04.2005

Што е бронхиолитис?
Тоа е тешко заболување кое се јавува кај доенчето (2-24 месеци). Присутно е воспалени на најситните дишни патишта-бронхилите.

Кој го предизвикува?
Причинител се вируси, во 80% од случаите респираторниот синцициелен вирус (РСВ).

Кои се симптомите?
Клиничката слика е потешка отколку кај бронхитис. Присутно е забрзано дишење, вовлекување на подребрените и меѓуребрените простори како израз на отежнато дишење (тираж). Лекарот на аускултацијата слуша свирежи и крепитации. Детето одбива храна. Обично нема темепратура.

Која е терапијата?
Лекувањето се спроведува болнички. Антибиотиците немаат ефект, се даваат ако се сомневаме за секундарна инфекција. Важна е рехидратација која се спроведува по интравенозен пат и т.н. супортивна терапија.

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар
  • Клиника за детски болести
  • Институт за белодробни заболувања кај деца
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со
Проф.д-р Предраг Трандафиловски 

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.