Што се подразбира под терминот алтернативна медицина?
- Не постои стриктна дефиницја за алтернативната медицина. Генерално, тука спаѓа било која практика на лекување која не се вклопува во званичната медицина - т.е. било која практика која не е широко прифатена во медицинските школи и од страна на докторите во болниците.
- Границите на алтернативната медицина постојано се менуваат и некои типови на алтернативно лекување стануваат поприфатливи за докторите .
Така на пример хипнозата која се сметала за глупост, денес е интегрирана во традиционалната медицина.
Типови на алтернативно лекување
Според Националниот центар за комплементарна и алтерантивна медицина и националниот центар за здравје на САД, се разликуваат седум главни подрачја на алтерантивна медицината (некои од нив се научно тестирани, но други не):
- Акупунктура - тоа е пракса која се базира врз стимулирање на одредени точки на телото (обично со игла, но може и со притисок – акопресура ), со што се потпомага лекувањето.
- Традиционална орјентална медицина - која се фокусира да ги утврди пореметувањата на енергијата во организмот.
- Хомеопатија - здравствените проблеми се третираат со различни многу разблажени субстанци.
- Народни лекари како што се различни тревари, искусни жени и практичари на народната медицина
- Хербалните лекови - тоа се различни билки кои се користат во медицината и во нутрицијата. Тие обично ги наоѓаме во продавниците за здрава храна, или може да се добијат од различни травари, често во форма на чаеви, капсули или екстракти. Овие субстанци не се регулирани преку американската Food and Drug Administration (FDA). Сепак една третина од адултните американци регуларно земаат некој вид на билки, најчесто во форма на чаеви за од камилица за смирување на нервите или echinacea против настинка.
- Мануелното лекување - медицинските проблеми се третираат со манипулација и со зајакнување на поедини делови на телото. Најпознат метод од овој вид е хиропракса (хиропрактичното лекување се фокусира на нервниот систем и на модификација на на кичмениот столб –т.е. на пршлените кои го препокриваат кичмениот мозок).
- Масажа - форма на мануелно лекување-остеопатија, во кое кое се користи манипулација и лекување со допир, каде практичарот ги става рацете на или во близина на телото, за да ја усмери енергијата.
- Измена на исхраната и/или животниот стил , исто така преставува подрачје на алтернативната медицина. Многу луѓе земаат суплементи сметајќи дека вообичаената исхрана не содржи доволно витамини или минерали. Многу луѓе кои боледуваат од некои хронични болести како што се срцеви болести или дијабетес ја прилагодуваат својата исхрана или навиките, за да можат да ја одржуваат болеста под контрола. Со ова не само што се лекуваат одредени заболувања, туку истовремено се врши превенција на други. Ова подрачје на алтернативнат амедицина е широко прифатено и интегрирано во традиционалната медицина.
- Контрола на умот се фокусира врз улогата на мозокот (умот) во различни состојби, кои го засегаат организмот. Хипнозата е форма на свесен сон или транс, може да помогне кај некои луѓе да се справат со зависности, болка, или анксиозност, додека некои други третмани, како психотерапија, медитација и јога се корисни за релаксација. Многу луѓе се свртуваат кон одредени групи на подршка и кон молитва за да се справат со болестите и да се чувствуаат поповрзани со другите.
- Лекови и вакцини кои не се прифатени од званичната медицина, исто така се сметаат за алтернативни. Евентуално по екстензивно тестирање од страна на званични институции, некои од овие медикаменти или вакцини можеби ќе станат дел од прифатените третмани.
- Биоелектромагнетика се базира врз идејата, дека електричните струи во сите живи организми произведуваат магнетни полиња, кои се шират надвор од организмот.
Во што алтернативната медицина се разликува од традиционалната медицина?
- Алтернативната терапија се одликува со својот холистички пристап, што значи дека докторот или практичарот ја третира личноста во целост, а не само одредената болест. Во алтерантивната медицина се обрнува внимание на емоционалните и спиритуални потреби на пациентите. Овој пристап се разликува од оној на традиционалната медицина, која главно се фокусира на физичката страна на болеста.
- Повеќето алтернативни практичари не се прифатени од страна на докторите во болниците или во амбулантите. Можно е вашиот доктор воопшто да не е информиран за ова прашање. Сепак, во новите центри на интегративна медицина се нуди спој на традиционалните и алтерантивните третмани. Такви центри обично вработуваат доктори и алтернативни стручњаци со сертификат за различни алтернативни терапии.
- И покрај развојот на ова подрачје, најголемиот дел од алтерантивните терапии не се покриваат со медицинското осигурување. Повеќето не се научно докажани а се базираат на долготрајното практицирање и усмените приказни за успешност.
Кои се ризиците од примена на алтернативни методи во лекувањето?
- Некои облици на алтернативно лекување како молитва, масажа, и измена на животниот стил се безбедни и успешно го надополнуваат медицинскиот третман, но некои терапии- особено хербалните ремедии (лекови) може да се поврзани со одреден ризик.
- За разлика од лековите кои се добиваат на рецепт во аптеките , хербалните ремедии не се строго регулирани од страна на одговорните институции. Тие не поминуваат низ опсежна процедура на тестирање пред да се пуштат на пазарот, и не мораат да одговараат на стандарди во квалитетот. Тоа значи дека кога купувате на пример шишенце гинсенг капсули, може да не знаете што сте добиле: количината на билката може да варира од една до друга таблета, со тоа што некои капсули ќе содржат повеќе а некои помалку активна состојка, отколку што се тврди во опаковката. Во зависност од каде потекнува билката, истовремено може да се присутни и други билки , дури и некои лекови, како што се стероиди измешани во капсулите. Хербалните лекови кои потекнуваат од неразвиените земји, понекогаш се контаминирани со пестициди и тешки метали.
- Друг проблем со кој може да се сретнете, се различните измамници и надрилекари, кои себеси се преставуваат како исцелители, пропагирајќи непроверени и понекогаш опасни третмани. Такви не се ретки во нашата земја, за жал некои од нив слободно се промовираат низ медиумите. Бидете многу внимателни кого ќе одберете за помош и никогаш немојте да му давате било каков „лек“ на вашето дете, ако не ви е познат составот.
Каде да се обратите за совет?
- Вашиот лекар
- Локално здружение за алтернативна медицина
|