Што е воспалено слепо црево(апендицитис)?
Под овој термин се подразбира воспаление на апендиксот ( израстокот) на слепото црево. Се опишува во сите возраст но многу ретко кај деца помлади од три години.
Кои се симптомите?
Обично започнува со стомачни болки во предел на желудникот или околу папокот. Потоа болките се лоцираат од десната страна, тие се постојани, не се многу силни, но со време се засилуваат. Поретко болеста може да оди во форма на напади. Детето често има температура, може да се јави пролив и повраќање. При преглед на мевот , лекарот ќе утврди болка во предел на слепото црево ( долниот десен квадрант на мевот), и мускулен „defence“ (долготрајна контрaкција на мускулите) на стомачниот зид.
Што ќе се утврди со лабораториските испитувања?
При преглед на крвта ќе се утврди покачен број на белите крвни елементи-леукоцитите. Рутинскиот преглед на мочката е со уреден наод.
Воспалено слепо црево треба да се разликува од некои други заболувања
Заради преклопување во клиничките знаци и симптоми дијагнозата може да е отежната и треба да се направи разлика од следните болести:
Ако се работи за девојче, може да постои сомненение за воспаление на десниот јајник.
Лажна слика на апендицит може да се должи на мезентериалниот лимфаденит (воспаление на лимфните жлезди во стомакот). За разлика од апендицит, тука стомакот е мек, а болката е дифузна ( не е строго локализирана).
При десностран пиелонефритис ( воспаление на бубрегот) болката е локализирана повисоко во стомакот или позади во слабината, а во урината има наод на леукоцити.
Како се третира?
Единствен третманд е операција со која се отстранува воспалениот израсток на слепото црево ( апендикс). Операцијата треба да се направи итно и не треба да се одлага, затоа што ако воспалениот апендикс прсне ( перфорира) гнојната содржина ќе се разнесе во стомачната празнина и ќе настане перитонитис ( воспаление на стомачната кошулка) сепса и можен смртен исход.
Каде да се обратите за помош?
Вашиот педијатар
Хирург
Клиника за детска хирургија
|