Цицањето на прстите е нормална појава ако се работи за доенче. Повеќето деца престануваат со оваа навика некаде меѓу 2-4 години. До седмата година обично нема трајни негативни ефекти врз забалото, бидејќи се работи за првите заби кои и без тоа ќе се заменат. Ако цицањето продолжи и по седмата година, по избивањето на трајните заби, ќе се јават дентални проблеми.
Кои проблеми се поврзуваат со цицањето на прстите?
- Под дејство на плунката, кожата на прстето кое се цица може да се разрани и да стане влезно место за инфекција. Преку допир со секакви предмети, а потоа со ставање на прстот во уста може да се внесат различни микроорганизми, некои од нив способни да предизвикаат болест.
- Претерано цицање на палецот може да доведе до деформација на непцето и забалото, со промени во загризот. Непцето станува високо, загризот неправилен, бидејќи горните заби излегуваат кон напред . Кај некои деца пореметено е создавањето на некои гласови.
Како да му помогнете на детето да престане со цицањето?
Во зависност од возраста, можете да пробате нешто од следното:
- Наградете го детето- на пример, купете му некој подарок- за да ja подржите неговата решеност да запре со навиката.
- Регистрирајте го неговиот напредок на календар- на пример, забележете звездичка за одреден период во кој детето не го цица палецот. Купете му играчка или нешто друго за периодот во кој тоа успешно ја совладувало навиката.
- Ставете му фластер на палецот- на пример во тек на ноќта, да го потсетите да не го става палецот во уста.
- Купете му специјална ракавица- да го штити кога нема да може да ја совлада потребата за цицање. Ракавицата треба да биде така направена да не може самото да ја симнува.
- Намачкајте му ги ноктите со специјална боја со непријатен вкус, која за такви намени се продава во аптеките. Кај нас распространет обичај е да се намачка прстот со луто. Ова крие опасност доколку си го пипне окото.
Колку често да го наградувате детето?
Помалото дете треба почесто да го наградувате. Дете од 5-6 години треба да го наградите уште по првата ноќ. Пoнатаму можете да го продолжувате периодот, од една ноќ-на една недела, а потоа на 30 дена, во кои не го цицало прстот.
Најчесто се потребни неколку обиди
Децата можат лесно да се вратат на старата навика и најчесто се потребни неколку обиди, пред комплетно да се ослободи од навиката. Родителите треба да имаат трпение, првите неколку дена без цицање, всушност се и најтешките.
Каде да се обратите за помош?
- Детски стоматолог
- Педијатар
|