Што е дехидратација?
Во нормални услови, организмот секојдневно губи одредна количина на вода преку урината, солзите, потта и столиците. Ако овие загуби се многу големи настанува дехидратација. Колку детето е помало ( особено доенче и мало дете) , толку дехидратацијата е посериозна состојба, која понекогаш може да го загрози и животот на детето.
Кои се причините?
Може да настане како резултат на зголемена загуба на вода, предизвикана со висока темепратура, дијареа, повраќање или претеран физички напор. Во такви ситуации внимавајте за евентаулна појава на знаци за дехидратација кај вашето дете. Помалите деца дехидрираат полесно.
Кои се знаците на дехидратација?
- Сува уста, намалено создавање на солзи или воопшто нема солзи.
- Ако на доенче кое е помало од 6 месеци, пелените останат суви повеќе од 4-6 часа, ова може да биде знак на дехидратација. Кај поголемите деца се забележува дека мократ поретко и помалку ( на пример не мократ во тек на 6-8 часа).
- Кај бебињата фонтанелата (мекиот дел на главата на детето) се вовлекува или се израмнува.
- Кожата станува сува и набрана кожа (особено кожата на стомакот, рацете или нозете).
- Детето покажува општа слабост, не може да оди.
- Како што се засилува дехдиратацијата (ако не се третира) очите стануваат вовлечени, детето станува поспано и конфузно, се јавуваат мускулни грчеви, забрзан пулс и сивкасто пребоена кожа.
Како се третира?
Ако вашето дете покажува знаци на дехидратација веднаш повикајте доктор. Важно е веднаш да се започне со надокнадување на телесните течности. Превземете чекори за да се запре повраќањето и дијареата. Дехидратацијата треба да се третира во зависност од возраста на детето.
- Доенчиња. Давајте му на бебето често мали количини на орално рехидратационо средство, (на пример Нелит), кој е достапен во нашите аптеки. Давајате 1 кафена лажичка секој 15-20 минути. Полека, зголемувајте ја количината.
- Деца над една година. Давајте често мали количини бистри течности. Ако е можно користете орален рехидратационен раствор (на пр. Нелит). Не давајте чиста вода. Избегнувајте сокови, желирани десерти и засладени пијалоци. Не давајте млеко и млечни продукти. Давајте по ? супена лажица бистра течност секои 5-10 минути. Ако не повраќа, може да дадете блендирана храна. Немојте да го држете само на течности, повеќе од 24 часа.
Дали може да се превенира?
Превземете чекори за да ја превенирате дехидиратацијата на детето, ако тоа повраќа и има дијареа. Давајте му да пие повеќе течности во тек и по изразена физичка активност.
Кога да повикате доктор?
Ако покажува знаци на дехидратација, одведете го веднаш во болница. Контактирајте го докторот кога ќе се јават првите знаци за дехидратација.
Каде да се обратите за помош?
- Вашиот педијатар
- Клиника за детски болести, општа амбуланта
|