. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Шеќерна болест кај деца

 
  Објавено на: 12.04.2005

Што е шеќерна болест (дијабет)?

  • Дијабет настанува кога во организмот го нема доволно хормонот - инсулин. За да може да работи нашиот организам , мора да обезбеди неопходна енергија, слично како што за да работи автомобилот мора да има бензин. Организмот ја добива оваа енергија, така што храната која ја прима ја разградува до гликоза, која понатаму главно ја користи за енергија. Овие процеси се случуваат во цревата и во црниот дроб, а се потпомогнати со одредени ензими.
  • Гликозата преку крвотокот патува низ целиот организам, но таа не може да се употреби за енергија од страна на клетките, додека не навлезе во нивната внатрешност. Инсулинот преставува клуч кој што овозможува гликозата да навлезе преку зидот во внатрешноста на клетките. Ако нема доволно инсулин гликозата ќе се натрупува во крвта, клетките нема да имаат доволно енергија за нормална работа, а тие луѓе ќе се чувствуваат болни.
  • Инсулинот се произведува во панкреасот- жлезда која е сместена во стомачната празнина , позади желудникот. Во панкреасот постојат мали островца од клетки кои произведуваат инсулин. Остатокот од панкреасот произведува ензими неопходни за варење на храната во цревата.

Типови на дијабет
Постојат два главни типа на дијабетес: тип1 и тип2. Децата и младите луѓе обично добиваат тип 1 кој се јавува заради недостиг на инсулин. Луѓето кои добиваат дијабетес во постарата возраст, обично добиваат тип 2 дијабетес- кога имаат инсулин, но тој не делува нормално. Иако ретко и во детската возраст може да се јави дијабет.

Како се добива дијабет?
Дијабетот т ип 1 настанува ако се оштетени клетките во панкреасот , кои заради тоа не можат да создаваат доволно инсулин. Одговорот на прашањето зо што некој добива тип 1 дијабет е комплициран. Делумно ова може да се должи на гените кои детето ги наследува од неговите родители. Покрај тоа , може да е резултат на претходна вирусна инфекција. Кај некои луѓе ваква инфекција влијае на имуниот систем , така да тој наместо да се бори против предизвикувачите на инфекција, ги напаѓа нормалните, здрави клетки на панкреасот, кои создаваат инсулин. Дијабетот кај децата најчесто започнува на возраст од 12 -15 години, но некои деца може да го добијат многу порано, а кај други може да започне подоцна.

Какви проблеми предизвикува дијабетот?
Иако количината на инсулин се намалува постепно, детето најчесто се разболува акутно (оддеднаш). Кога родителите ќе размислат ќе сфатат дека детето и претходно се жалело на следното:

  • Било постојано жедно.
  • Многу мокрело, дури станувало и ноќе да мокри.
  • Изгубило во тежина.
  • Чувствувало поголем замор од обично.

Често детето кога прв пат доаѓа во болницата е многу болно: дехидрирано ( изгубило многу течности), има чујно дишење, понекогаш е конфузно, со пореметена свест. Со едноставни тестови докторот ќе ја испита крвта и урината, за да види дали детето има диајбет. Со одговрачка терапија (користејќи инфузија за да се надокнадат течностите), детето ќе се чувствува повторно добро (обично веќе за неколу часа). Ако тестовите покажуват дека се работи за дијабет тогаш треба да се започне со третман со инсулин.

Што понатаму?
За да биде добро детето кое има тип 1 дијабет, треба да прима инсулин до крајот на неговиот живот.Обуката околу третманот ќе започне уште во болницата, но добро е да се вклучи и семејниот доктор. Иако пациентот е детето, сите членови на семејството треба да се обучат за дијабетот. За таа цел, родителите и детето ќе работат со тим на стручни лица, кои ќе им помогнат да научат да живеат со дијабет. Детето и семејството ќе научат:

  • Основни познавања за дијабет от.
  • Како да се направи гликоза тестот
  • Како се дава ат инекции на инсулин- ова обично подразбира употреба на специјални инсулински пенкала.
  • Како да се спроведува диета - да прима вистинска храна во вистинско време.
  • Колку е важно да се вежба .
  • Како детето да го прифати дијабет от - повеќето деца се гневни и нерасположени зато а што имаат дијабет .
  • Како да препознаат кога е низок крвниот шеќер .
  • Како да препознаат кога е висок шеќерот во крвта .
  • Што да направат за да го покачат нивото на шеќерот во крвта .

Водење на дијабет
Децата со дијабет мораат:

  • Да внимаваат што јадат и особено да не прескокнуваат обро ци- никогаш!
  • Редовно да го прегледуваат шеќерот во крвта .
  • Секогаш да имаат инсулински инекции .
  • Редовно да вежбаат ( физички да се активни).
  • Да се забавуваат како и другите деца ! Ако добро се води дијабетот, нема причина овие деца да не се забавуваат, како и другите деца. Луѓето со дијабет не се болни, но, тие треба повеќе да работат за да останат здрави.

Како да му помогнете на другарот со дијабет?
Ако твојот другар има дијабет тогаш ако си му добар другар ќе внимаваш на следното:

  • Провери дали ја изел својата ужинка и ручекот (и ти исто така).
  • Немој да делиш бомбони и слатка храна со него. (Тоа не е добро ни за тебе нити за твоите заби, исто така).
  • Не раскажувај на секого во класот за тоа. Доволно е да знае класниот раководител. Можеби твојот другар не сака другите да знаат за неговата болест.
  • Охрабри го да се занимава со спорт и да вежба, бидејќи тоа е многу добро за него- и за тебе исто така.
  • Имај разбирање ако тој понекогаш се чуваствува изморен и нерасположен.(Ова значи дека тој можеби има потреба од шеќер или желе бомбони, кои класниот раководител веројатно ги има во фијоката за него).
  • Сфати дека тој има потреба од редовни оброци дури и кога играте надвор или кога играте маратонски видео игри.

Дали сте знаеле?
Стотици луѓе кои станале славни во различни области, од писатели до спортски звезди имале диајбет.

А што е со тип 2 дијабет?
Тоа е многу честа болест од која главно заболуваат постари луѓе. Причините за тоа се претераната телесна тежина и недоволната физичка активност. Дебелите деца имаат ризик за овој дијабет. Одржувајќи ја тежината во норамални граници и развивајќи навика за вежбање , како дете, всушност превенирате развој на ваков тип на дијабет, подоцна во животот.

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар
  • Педијатриски ендокринолог
  • Нутриционист
  • Клиника за детски болести - ендокринолошка амбуланта
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со
Проф. Д-р Мирјана Кочова

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.