. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Избор на доктор за вашето дете

 
  Објавено на: 12.04.2005
Каде да се информирам кој лекар да го изберам за моето дете?
Да изберете лекар кој ќе води сметка за здравјето на вашето дете преставува одговорна работа, бидејќи сакате да бидете сигурни дека вашиот избор е добар. Најчесто, информациите ги добивате од пријателите и роднините или можеби вие познавате некој доктор во соседството, или можете да се распрашате кај вашиот гинеколог или кај сестрата која ја води вашата бременост.Тие ве познаваат вас и вашата фамилија, но ги познаваат и лекарите. Најдобро е да биде специјалист по педијатрија.

Дали да го посетам уште во тек на бременоста?
Најдобро е да го посетите докоторот уште во текот на бременоста. Ова е особено важно ако се работи за прво дете или ако сте нови во таа амбуланта. Теми кои треба да ги дискутирате со идниот лекар на бебето се:
  • Грижата за бебето непосредно по породувањето.
  • Изборот на исхраната.
  • Циркумцизија.
  • Семејната историја ( дали има наследни болести во семејството).

Пред посетата, одлучете се кои прашања сакате да му ги поставите на докторот. Распрашајте се и обрнете внимание на неговата компетенција, комуникациска вештина и пристапот кон децата, дали умеее да слуша, дали е искусен во педијатријата? Ако се работи за приватна ординација, распрашајте се дали во неговата ординација работат и други медицински работници, како лекари од општа пракса и педијaтриски сестри? Како се алоцирани пациентите? Какво е работното време на неговата ординација и дали постои можност за продолжено работно време, за вработените родители? Дали постои покривањето за часовите по работното време и можност телефонски да го консултирате? Која болница ја препорачува за хитни слуачи ? Ако имате и постари деца, дали лекарот би се грижел и за нив? Може да се распрашате кај другите родители во чекалната што им се допаѓа а што не им се допаѓа кај него.

Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.