. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Џардиаза (Ламблиаза)

 
  Објавено на: 12.04.2005

Giardia lamblia е парзит кој кај деца и возрасни често предизвикува цревна инфекција. Се пренесува преку изметот или преку контаминирана вода или храна. Покрај тоа, паразитите на џардиа може може да преминат на луѓе од инфицирани животни (на пр. кучиња). Во установите за дневен престој инфекцијата може се рашири преку загадени раце ( децата или негувателки), загадени играчки, мебел и простирки.

Кои се знаците и симптомите на болеста?
Понекогаш инфекцијата со џардиа е без симптоми. Другпат предизвикува пролив (може да се сменува со затвор). Инфицираните деца може да се жалат на гасови, дуење на стомакот, губиток на апетитот и губиток на тежина. Кај малите деца се јавува повраќање.

Колкав е инкубациониот период?
Инкубациони период е 1-4 недели.

Колку време детето е заразно за другите?
Децата се заразни (способни да шират инфекција) се додека имаат цисти на џардиа во нивните столици.

Кога може да се врати во градинка/училиште?

  • Инфицираните деца или персонал кои покажуваат симптоми на џардијаза, треба да се отстранат се додека се третираат и не подолго отколку што имаат дијареа.
  • Инфицирани индивидуи кои немаат симптоми преставуваат мал ризик за ширење на инфекција и обично не треба нити да се третираат нити да се исклучуваат.

Превенеција
Ако во некој центар за дневен престој постои сомнение за џардиаза , треба да се контактира подрачната единица на министерството за здравство за да помогне во менаџерирањето. Сите деца и персоналот со манифестни симптоми ( на пр.пролив, повраќање и сл.) треба да се испитаат дали се инфицирани. Нивниот измет се испитува микроскопски, за присуство на паразити. Понекогаш е потребно да се испитаат неколку различни примероци, кои се собираат во тек на една или две недели, за да се биде сигурен во дијагнозата. Постојат и брзи скрининг методи за откривање на џардија, но тие не се достапни насекаде.

Третман
За лекување на џардиаза се користат неколку различни медикаменти, Лекарот го одредува видот и должината на терапијата.

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар
  • Епидемиолог
  • Клиника за детски болести- консултативна гастроентеролошка амбуланта
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со : 
Проф.д-р Стевка Грујовска

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.