Глистите преставуваат мали ( помали од ? см во должина), беличасти, кончести ларви кои чести ги инфестираат цревата. Тие лесно се шират -од лице на лице, преку контакт со измет кој содржи јајца. Јајцата може да се содржани на рацете, облеката, креветот, храната и т.н. Не можат да поминат од животни на луѓе. Особено се чести меѓу деца во училиште или во дневните центри.
Знаци и симптоми
- Инфекцијата обично се карактеризира со интензивен ректален јадеж, особено изразен во тек на ноќта, кога женските ларви излегуваат од ректумот и доведуваат до иритација.
- Често ларвите може да се видат со преглед на ректалното подрачје додека детето спие.
- Дијагнозата може да се постави така што во анусот ќе се псотави целофанска лента, наутро по будење, а потоа оваа лента се испитува под микроскоп, за присуството на јајца.
Превенција и третман
- Постојат повеќе медикаменти кои се користат за третман на инфестацијата. Кога детето има глисти, повеќето лекари препорачуваат сите членови на семејството да примаат третман во исто време.
- За да се превенира реинфекција, вешот и алиштата треба да се перат во топла вода.
- Покрај тоа, важно е да го научите вашето дете секогаш да ги мие рацете по употреба на тоалет и пред да јаде.
- И покрај овие мерки, реинфекцијата е честа.
Каде да се обратите за помош?
|