Хепатитис А преставува вирусна инфекција на црниот дроб. Се пренесува оро-фекално т.е. со нечисти раце по претходен контакт на рацете со измет на инфицирана особа. Може да се пренесе и со контаминирана вода и храна.
Кои се знаците и симптомите?
- Доенчињата и малите деца често немаат никакви симптоми.
- Веројатноста за пожолтување на кожата и очите ( жолтица), се зголемува со возраста ( повеќето мали деца немаат жолтица, повеќето возрасни имаат).
- Други симптоми кои може да се јават се губиток на апетитот, замор, гадење, повраќање, мускулни болки, температура, темна урина и бледа обезбоена столица.
Колкав е инкубациониот период?
Инкубациони период е обично 15-50 дена.
Колку време детето е заразно за другите и кога може да се врати во градинка/училиште?
Заразниот период е околу 2 недели пред почетокот на симптомите и околу 1 недела по појавата на жолтицата. Децата треба да се исклучат од дневниот престој- до 1 недела од почетокот на симптомите и додека жолтицата не исчезне.
Превенција и третман
- Не постои ефикасен третман за хепатитис А, сепак повеќето деца и возрасни комплетно оздравуваат.
- За да се превенира ширењето на хепатитис А, важна е добрата лична хигиена и хигиена на околината. Рацете треба да се мијат задолжително пред да се приготвува храна и по користење на тоалетот или по промената на пелените.
- Во некои ситуации, кај лицата кои биле изложени на хепатитис А, може превентивно да се даде инекција на заштитни имуноглобулини, за да се спречи ширење на вирусот. Имуноглобулините претставуваат крвен продукт кој содржи антитела. Локалните одели на министерството за здравство треба да се вклучат во евалуацијата и во водењето на болеста. Тие би требало да одлучуваат каде и кому треба да се даваат имуноглобулини.
- Ако вашето дете или било кој во фамилијата развие симптоми на хепатитис А, контакирајте ги вашиот лекар, кој треба да ја потврди дијагнозата. Информирајте ги одговорните лица во дневниот престој/училиштето, за да може да превземат заштитини мерки за другите деца и другите фамилии.
Каде да се обратите за помош?
- Вашиот лекар
- Инфектолог
- Клиника за инфективни болести
|