. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Играчките и безбедноста на вашето дете

 
  Објавено на: 12.04.2005

Значење на проблемот
Секоја година во САД се регистрираат повеќе од 150.000 повреди поврзани со играчки, некои од нив се сериозни, со потреба од лекување во ургентни центри. Ова е особено изразено во месеците на новогодишни празници, кога најмногу се продаваат играчки. Немаме податоци колку е изразен проблемот во нашата земја, но бидејќи играчките се универзална потреба на децата од каде и да се, претпоставуваме дека нема голема разлика.

Безбедност на играчките
Треба да се знае дека сите играчки не се безбедни. Многу од нив може да се разградат на мали делчиња, кои потенцијално можат да бидат голтнати или аспирирани и да доведат до задушување на детето. Некои од овие играчки причинуваат силна врева, која може да предизвика акустична траума и да доведе до оштетување на слухот. Затоа, пред да му купите на детето пиштол или топка, размислете за овие предупредувања:

На што треба да се внимава кога купувате играчки?
При изборот , следете го својот здрав разум. Видете дали таа играчка одговара за возраста. Не одговараат сите играчки за сите деца.

  • Особено се опасни играчки кои содржат мали делчиња. Играчки кои содржат делчиња кои можат да се аспирираат ( според утврдени стандарди) преставуваат опасност за аспирација, кај деца помали од 3 години.
  • Играчки кои содржат различни траки и врпци, кои може да се заплеткаат, може да бидат многу опасни за малите деца. Се препорачува вакви играчки да не се оставаат во креветчето или местото каде што играат децата,.
  • Играчки кои причинуваат голема врева исто така преставуваат опасност.

Што вели законот?
За оние играчки кои предизвикуват бука над одредено ниво, законот наложува на кутијата да се стави ознака. Играчки кои предизвикуваат силна бука која може да доведе до повреда на слухот на детето, треба да се забранат.

Што може да направите за превенција?

  • Штетни или опасни играчки треба веднаш да се фрлат или да се поправат.
  • Децата треба да стекнат навика да ги ставаат играчките во кутија/шкаф откако ќе завршат со играње, за да се превенираат падови и оштетување.
  • Ако им купуватe велосипед, скејтборд или ролери, задолжително видете дали е снабден со безбедоносен додаток, како што се штитници за колена и лакти и кацига.

  Каде да се обратите за совет?

  • Вашиот лекар
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
 
 

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.