. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Инфекции со хемофилус инфлуенца

 
  Објавено на: 07.09.2005

Бактеријата - хемофилус инфлуенца тип Б спаѓа меѓу најчестите причинители на менингитис, кај деца помлади од 5 години. Децата заразени со оваа бактерија може да развијат некое од следните заболувања:

  • Менингитис - инфекција на ципите кои го препокриваат мозокот и рбетниот мозок. Знаци: висока темепература, вознемиреност, поспаност, слабост, губиток на апетит, главоболка или закочен врат.
  • Бактериемиа - инфекција на крвта. Знаци: детето изгледа лошо, висока темепратура, малксаност, вознемиреност.
  • Епиглотитис – инфекција на епиглотис-от и на други структури позади во грлото; отокот ги блокира дишните патишта и може да предизвика смрт, ако не се примени хитен медицински третман. Знаци: детето е уплашено и манифестира глад за воздух, испушта пискави гласови со карактер на кукурикање и седи према напред , за да си го олесни дишењето.
  • Целулитис - инфекција на кожата. Знаци: подрачјето кое е зафатено (обично околу очите или образите (јагодиците) отекува, отокот е топол, осетлив и црвен или розов; висока температура, лош аспект на детето.
  • Пнеумониа - инфекција на белите дробови. Знаци: кашлица и тешкотии во дишењето
  • Септичен артритис - инфекција на зглобот (често на колкот). Знаци: температура и накривување кое претходно не било присутно.  

Инкубациони период
Непознат

Заразен период
Заразените деца се исклуваат од градинка/училиште, се додека лекарот не одреди дека е сигурно.

Третман
Антибиотици, кои треба да се дадат веднаш штом ќе се постави сомнение за ваква инфекција.

Превенција

  • Постои вакцина за болестите предизвикани од хемофилус инфлуенца тип Б. Се започнува од 2-иот месец и во развиените земји, оваа вакцина се препорачува кај сите доенчиња. За жал, не и во нашата земја.
  • За да се спречи ширењето на инфекцијата за деца кои биле изложени на хемофилус инфлуенца, понекогаш се дава антибиотикот рифампин. Потребно е да го примаат сите деца и персоналот во класот каде било заболенето дете (независно на имунизациониот статус).
  • За понатамошни препораки треба да се контактира локалниот оддел на министерство за здравство.
  • Ако се сомневате дека вашето дете има инфекција предизвикана од Хемофилус инфлуенца, веднаш контактирајте го вашиот лекар. Ако тој ја потврди дијагнозата јавете се на одговорните во градинката/училиштето, за да можат навреме да превземат превентивни мерки.

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар
  • Клиника за детски болести- амбуланта
  • Клиника за инфективни болести
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со
Прим.д-р Лилјана Кртева

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.