Што е кафеин?
- Тоа е супстанца која се наоѓа во различни растенија, а делува како стимуланс за нервниот систем и мозокот.
- Кафеинот е содржан во следните билки: во зрната на кафе со потекло од Арабија, во листови на чај со потекло од Кина, во зрна на кола со потекло од Западна Африка, во зрна на какао со потекло од Мексико, зрна на кафе од Бразил и во некои други поретки растенија.
Денес, повеќето од овие растенија се одгледуваат насекаде низ светот, а не само во земјите од каде потекнуваат. Нивни екстракти се користат во многу храни и пијалоци , како чај, кафе, чоколадо и обоени кола пијалоци.
Историја на кафеинот
Како стимулативна супстанца, кафеинот е познат одамна, всушност уште од каменото време. Постојат докази дека чај се пиел во 2737 пред нашата ере, кафе се пиело во 1000 год, а чоколадно млеко во 1876.
Колку кафеин консумираме?
Тоа е различно од човек до човек. Некои луѓе воопшто не консумираат кафеин. Од целокупниот кафеин кој се консумира во светот, 54% отпаѓа на кафето, 43% на чајот и 3% на останато ( на пример кола пијалоци или медикаменти). Кај децата и кај младината, најголем дел од кафеинот кој го консумираат, потекнува од кола пијалоците.
Кои се ефектите на кафеинот?
Главниот ефект на кафеинот е стимулација на централниот нервен систем. Како резултат се јавуваат следните ефекти:
- Мали количества: чувство на будност, срцето чука побрзо, крвниот притисок се покачува, се зголемува продукцијата на урина, се зголемува продукцијата на стомачна киселина.
- Поголеми количества: вознемиреност и немир (агитација), главоболка, тешкотии да се заспие.
- Многу големи количества: може да предизвикаат конфузија и понекогаш халуцинации.
- Долгторајни ефекти: ако примате повеќе од 600 мг кафеин дневно, во тек на подолг временски период, може да манифестирате тешкотии во заспивањето, загриженост, депресивни симптоми , стомачни тегоби.
Како делува кафеинот на сонот?
Ако примате кафеин непосредно пред спиење може да се жалите на следново: тешко заспивате, спиете пократко време, пократки периоди на длабок сон и на период на сонување, се будите уморни.
Колку кафеин има во различни продукти?
Бројките се само апроксимативни. Количината зависи од тоа како е припремен пијалокот, од што е направен и колку е концентриран.
- Кафе
- Филтрирано кафе (250 мл) 200 – 250 мг. кафеин.
- Перколирано кафе (250 мл) 100 – 150 мг. кафеин.
- Инстант кафе (250 мл) 80 – 150мг. кафеин.
Декафинирано кафе (250ml) 4 – 8 мг. кафеин.
- Чај
- Руски чај (250мл) 20 – 200 мг. кафеин (обично 20-50 мг).
- Други пијалоци
- Кола пијалоци (350 мл) 30 – 72 мг кафеин. Високо кафеинските пијалоци
- Топло чоколадо 10 мг кафеин.
- Парче чоколада (100 гр) 12 мг кафеин.
Која е токсичната доза на кафеин?
Тешко е точно да се каже колку кафеин е премногу, бидејќи реакциите и одговорите на кафеин се индивидуални. Некои луќе толерираат повеќе кафеин од други. Апроксимативно, 250 мг. предизвикува умерено изразени ефекти, а 750 мг , по изразени ефекти. Повеќето истражувачи тврдат дека здравствениот ризик за луѓето кои константно земаат помалку од 600 мгр/ден е мал. Сепак доколку сте под стрес, страдате од вознемиреност или ако сте бремени, не се препорачува да земата повеќе од 200 мгр/ден.
Кафеин и бременост?
Истражувањта покажале дека дозволената количина кафеин во тек на бременоста, не преставува ризик за бебето. Сепак, ако се пијат поголеми кочини може да се јават тешкотии во забременувањето и да се зголеми ризикот за абортус. Се препорачува бремените жени да не земаат повеќе од 200 мгр кафеин /ден. Тоа може да биде во форма на 4 чаши чај, две чаши кафе или дури само една чаша кафе, ако се работи за јако кафе.
Откажување од кафеин
Ако сметате дека консумирате премногу кафеин, може да го намалите или потполно да прекинете. Ако претходно сте пиеле редовно, се создала зависност и може да се јават одредени симптоми на апстиненција, како: вознемиреност, главоболка, замор, чувство дека сте болни и дека се ве боли.
Кафеин и испити
Искуството покажало дека мали количини кафеин (на пример една шоља кафе или чај) може да ви помогне да постигнете повеќе. Ако внесувате поголеми количини, ќе се чувствувате побудно, но нема да дојде до подобрување на способностите. Напротив, кафеинот може да предизвика чувството на страв, кое може да ги намали вашите реални способности.
Каде да се обратите за совет?
- Вашиот лекар
- Нутриционист
|