. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Колапс (синкопа)

 
  Објавено на: 12.04.2005

Што е колапс(синкопа, несвестица)?
Краткотраен губиток на свеста во траење од неколку секунди или минути.

Што е причината?
Синкопа настанува како резултат на тоа што мозокот нема доволно кислород . Причината често пати не е позната. Може да се работи за нешто од следното:

•  Наглиот пад на крвниот притисок може да доведе до синкопа. Тоа може да е провоцирано со брзо станување во исправена положба.
•  Напорна работа или игра, особено ако е топло времето.
•  Забрзано дишење (хипервентилација).
•  При состојби на стрес и загриженост што може да делува на крвниот притисок.
•  Како реакција кон некој лек.
•  Изразена кашлица, болно мокрење или изразени цревни движења
•  Истегнување или нагло вртење на главата на страна.
•  Пад на крвниот шеќер (често кај луѓе со дијабетес).
•  Алкохол, марихуана, кокаин.
•  Притисок на вратот ( на пр. крута тесна јака) .
•  Силна болка при повреда, уплашеност.
•  Срцеви проблеми , проблеми со крвниот притисок, различни заболувања.

Кој може да добие добие синкопа?

  • Синкопа може да настане во било која возраст, но несвестица заради наглиот пад на крвниот притисок е почеста кај постари лица.
  • Кај деца проблемот најчесто се надминува со растењето.

Кои се симптомите?
Пред да „падне во несвест“ детето чуваствуваат слабост или стресеност, побледува и може да се жали на чувство на топлина, болка во стомакот или пореметување во видот.

Што ако детето почувствува дека ќе падне во несвест?

  • Чувството на несвестица или „стресеност“ може да е знак дека вашето дете ќе колабира.
  • Во таква ситуација легнете го на земја. Ако не може да легне, седнете го нека се свитка према напред, нека ја стави главата меѓу рацете.
  • Проветрете ја собата. Детето треба да лежи или да седи, се додека не се почуствува добро. Кога ќе се почувствува добро, нека се исправи п остепено.

Дали може да се превенира колапсот?

  • Ако вашето дете чувствува дека ќе се онесвести, седнете го или легнете го веднаш.
  • Ако се онесвестувало и пред тоа, научете го да ги избегнува ситуациите кои доведуваат до синкопа. Нека избегнува нагло станување. Претходно нека се размрда и нека ги раздвижи нозете, а потоа полека нека се исправи.

Кога да повикате доктор?

  • Повикајте доктор ако мислите дека вашето дете се онесвестило како резултат на реакција на лекови, срцев проблем, дијабетес.
  • Повикајте доктор ако пред да падне во несвест се жалело на неправилно срцебиење, градна болка, скратен здив, нагло онесвестување без предупредување, пореметување на видот, конфузија, вртоглавица или тешкотии во говорот.
  • Ако паднало во несвест по повреда.
  • Повикајте доктор ако вашето дете колабира повеќе од еднаш месечно.
  • Ако и други членови на фамилијата имале историја за колапс и ненадејна смрт.

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар
  • Клиника за детски болести, општа амбуланта
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
 
 

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.