Што подразбираме под конгестија на синуси?
Носот има седум коскени празнини исполнети со воздух ( синуси), кои помагаат воздухот кој проаѓа од тука , да се загрева и влажни. Кога детето има воспаление на синусите тоа чувствува исполнетост, притисок или болка на лицето, во подрачјето на зафатениот синус, кашлица и носна секреција.
Која е причината?
Конгестија на синусите настанува кога се блокирани отворите на синусите во носните ходници. Во тој случај нормалната секреција од синусот не се празни, настанува преполнетост и чувството на притисок. Обично ова се јавува при настинка и често е придружено со висока температура.
Колку долго трае?
Без третман синусите обично се отвараат по околу една недела. Главна компликација е ако се размножат бактерии во блокираниот синус, предизвикувајќи инфекција (синузитис). Во тој случај доаѓа до појава на покачена т емпература, а болката се зголемува. Понекогаш кожата над синусот (околу окото или образите) станува зацрвенета и отечена. Овој тип на синузитис треба да се лекува со антибиотици. Повторувачките инфекции на синусите може да предизвикаат хронична кашлица. Хроничниот синузитис се карактеризира со главоболка, носна секреција, кашлица и носна опструкција (затнат нос).
Како да постапите кога вашето дете има воспаление на синусите?
- Назални промивки. За промивки се користи топла вода или капки физиолошки раствор ( солени капки, достапни во аптеките). По ставање на капките, носот треба добро да се исекне за да се исфрлат сувите мукуси или гнојта, ако е присутна. Вакви промивки треба да се прават најмалку 4 пати на ден или секогаш кога вашето дете нема да може да диши низ нос. Ако воздухот во вашата куќа е сув, употребете овлажнувач на воздухот. Ако немате, истиот ефект ќе го постигнете ако во просторијата во која престојува детето ставите да врие ( и да се испарува) вода во која може да ставите камилица.
- Капки за деконгестија во носот или спреј. Ако и покрај промивката, синусот и понатаму изгледа блокиран ( затнат), употребете деконгестивни капки или спреј ( достапни во аптеките без рецепт). Вообичаена доза за адолесценти е две капки во секоја ноздрва, два пати дневно. За деца до 6 години доволно е една капка . Пред да дадете капки, детето треба добро да го издува носот или вие претходно да направите сукција со специјална пумпичка. Отворите на синусите се наоѓаат на надворешната страна од носните ходници.Усмерете го спрејот во тој правец. За да ги усмерите капките во синусите, поставете го детето во позиција на грб со главата свиткана кон назад и свртена на една страна. Во првите 2-3 дена од третманот давајте капки/спреј редовно. Потоа прекинете. Капките или спрејот не смеат да се даваат подолго од пет дена, за да се спречи појава на повторна конгестија ( оток).
- Третман на болката. Давајте ацетаминофен или ибупруфен. Болката може да се ублажи со ставање на мраз над синусот.
- Орални антихистаминици. Ако детето има висока температура, дајте му ги неговите лекови против алергија
- Антибиотска терапија, според препораката на лекарот.
Дали е заразно?
Инфекциите на синусот не се контагиозни. Вашето дете може да се врати во училиште или градинка кога ќе се чувствува подобро и кога нема да има температура.
Како да се превенира да не се повторува?
Рипање во вода на нозе може да предизвика синузитис на фронатлните синуси и треба да се избегнува, освен ако претходно не се затвори носот.
Самото пливање не го влошува синузитисот, но гнурењето треба да се забрани (дозволено е само гнурење со специјални затки за нос)
Кога да се обратите на лекар?
- Консултирајте лекар веднаш, ако е присутно црвенило и оток во предел на образите или очите, а детето изгледа многу болно .
- Консултирајте се ( но не мора веднаш), ако болката трае повеќе од 1 ден по започнување на третманот, ако конгестијата на синусот трае повеќе од една недела, ако температурата е покачена повеќе од 3 дена, ако секрецијата од носот е жолтеникава или зелена подолго од 3 дена.
Каде да се обратите за помош?
- Вашиот педијатар
- Оториноларинголог
- Клиника за детски болести- консултативна пулмоалерголошка амбуланта
- Институт за белодробни заболувања кај деца
|