. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Коњуктивитис

 
  Објавено на: 12.04.2005

Што е коњуктивитис?
Под терминот коњуктивитис се подразбира воспаление (иритација) на очите.

  • Ова може да е резултат на инфекција со вируси или бактерии.
  • Може да е предизвикано од алергија на хемикалии (медикаменти, различни гасни испарувања, хлор од базенот и сл.).

Инфективниот (вирусен или бактериски) коњуктивитис е заразен.Се шири од лице на лице со директен контакт и преку исцедок од очите.

Кои се знаците и симптомите на коњуктивитис?

  • Гноен коњуктивитис е предизвикан од бактериска инфекција. Беличастиот дел од окото, внатре под капакот станува зацрвенет, а детето се жали на јадеж и болка. Присутен е густ беличаст, жолтеникав или зелен исцедок , а очните капаци особено наутро по станување се залепени.
  • Понекогаш, децата со гноен коњуктивитис развиваат инфекција и на увото. Следните знаци укажуваат на таква компликација: покачена температура, вознемиреност, лош сон, губиток на апетитот , или ако детето ги влече или удира ушињата.

Колкав е периодот на инкубација и заразност?
Период на инкубација изнесува обично 2-7 дена. Инфективниот период, во кој е потребно детето да се исклучи од дневниот престој, изнесува 24 часа по започнување на антибиотската терапија.

Како да се превенира/третира?

  • Гнојниот коњуктивитис се третира со антибиотски капки/маст кои се ставаат директно во окото. Во некои ситуации вашиот лекар може да ординира и некој антибиотик кој се зема преку уста.
  • За да се превенира понатамошното ширење на болеста, важно е рацете внимателно да се мијат Детето треба да користи посебна крпа.
  • Гнојот од очите треба да се брише внимателно со чиста газа, секое око посебно, почнувајќи од внатрешниот кон надворешниот агол на окото, а материјалот кој се користи за бришење веднаш треба да се фрли.
  • Ако се сомневате за пурулентен коњуктивитис, задржете го вашето дете дома и контактирајте го вашиот лекар. Информирајте ги одговорните во градинката/училиштето

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар
  • Инфектолог
  • Офталмолог
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со : 
Прим.д-р Лилјана Кртева

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.