. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Ларинготрахеобронхитис

 
  Објавено на: 12.04.2005

Што е ларинготрахеобронхитис?
Воспаление на грлото ( ларинксот) и дишните цевки (трахеа и бронхите).

Кој го предизвикува?
Предизвикувачи се обично вируси, најчесто вирусот параинфлуенца тип 1 , ретко Микоплазма пнеумоние.

Кои се симптомите?
Клинички се карактеризира со отежнато вдишување на воздух , кашлица и засипнатост. Кај поголеми деца може да се јави губиток на гласот, болки во грлото и кашлица која се споредува со лавеж на куче. Постои можност инфекцијата да се спушти во долните дишни патишта и да се јави чујно свиркаво дишење – опструкција. Во тешки случаи можно е да се јават пореметувања на кардиоваскуларниот и нервниот систем и дехидратација.

Која е терапијата?
Терапијата се спроведува болнички. Со интравенозна инфузија се даваат течности, детето се поставува на кислород, се влажни воздухот и се даваат антибиотици, понекогаш кортикостероиди. Антихистаминиците се контраиндицирани. Во најтешките случаи детето се интубира.

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар
  • Клиника за детски болести, оддел за интензивна нега и терапија и оддел за пулмологија
  • Институт за белодробни заболувања кај деца
  • Клиника за болести на уво грло и нос
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со
Проф.д-р Предраг Трендафиловски

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.