Што е детска леукемија?
Детска леукемија е вид на канцер. Тоа е канцер на белите клетки. Белите клетки се создаваат во коскената срцевина ( мекиот дел во средината на коск a та). Нивната примарна улога е да се борат против инфекција. Кога детето има леукемија, коскената срцевина произведува голем број на абнормални бели клетки кои ги потиснуваат нормалните крвни клетки. Тоа ги отежнува функциите на крвта. Нема доволно нормални бели клетки, за борба со инфекциии. Бидејќи при леукемија е пореметено и создавањето на крвните плочки (тромбоцитите) децата имаат крварења по кожата и во внатрешните органи. Детската леукемија започнува во коскената срцевина. Од таму може да се прошири низ други делови на организмот. Не постои специјален тест со кој може рано да се открие леукемија. Постојат повеќе типови на леукемија:
- Лимфобластни
- Нелимфобластни
Во однос на почетокот и текот на болеста постојат:
Кај децата, најчеста е акутната лимфобластна леукемија( ALL)
Кои се причините?
Не ги знаеме причините за леукемија. Постојат некои фактори на ризик:
- Крвни болести, како миелодиспластичен синдром
- Хемотерапија и радијациона терапија
- Генетски проблеми како Даунов синдром, Фанкони анемија, Клинефелтер синдром, Ли-Фраумени синдром, Неурофиброматоза, Атаксија Телеангиектазиа, Вискот-Олдрич синдром.
- Земање на лекови кои го намалуваат имуниот систем. Имуниот систем го заштитува организмот.
- Висок степен на радијација
- Некои вируси, како леукемичниот вирус на хуманите Т-клетки
- Работа со хемикалии, како бензен или формалдехид
Тоа се само ризик фактори. Повеќето луѓе кај кои е присутен некој од факторите на ризик нема да добијат леукемија.
Кој може да добие?
- Сите возрасти може да добијат леукемија.
- Тоа е најчестиот вид на канцер, кај деца.
- Кај белата раса е почеста, во споредба со другите раси.
- Еднакво заболуваат и машките и девојчињата.
- Најчесто се јавува на возраст од 2-8 години.
Според американското здружение за рак, секоја година околу 2000 деца добиваат леукемија. Во нашата земја се откриваат околу 20 нови случаи на леукемија кај деца до 15 год., годишно.
Кои се главните знаци и симптоми?
- Анемија (заради неможност нормално да се создаваат клетки од црвената лоза во коскената срцевина).
- Зголемена тендеција кон крварење (крварење од носот, крварење од непцата, крварења по кожата).
- Температура.
- Главоболка .
- Инфекција или „настинка“ која трае долго и не поминува.
- Губиток на апетитот .
- Ноќно потење.
- Болки во коските и зглобовите.
- Бледило .
- Тешкотии во дишењето .
- Надуеност на стомакот- ова е предизвикано од зголемувањето на црниот дроб и слезената.
- Потекување на лимфните јазли ( особено на вратот, пазувите и препоните).
- Замор .
- Слабост .
Дали е заразна?
- Не, леукемија не е заразна. Не може да ја добиете од друг.
- Не се јавува фамилијарно.
Како се третира?
Секое дете е различно. Најчесто третманите вклучуваат:
- Хемотерапија- лекови кои ги уништуваат абнормалните клетки. Хемотерапија се зема преку уста или се дава преку вена (интравенозно). Во поново време се дава преку централни катетери.
- Радијациона терапија- за уништување на абнормалните клетки, се користат високо енергетски X зраци.
- Трансплантација на коскена срцевина- откако абнормалните клетки ќе се уништат со хемотерапија и зрачна терапија, на болниот му се трансплантира здрава коскена срцевина (од здрав донор), така што се дава преку вена. Оваа срцевина оди во коскената срцевина на пациентот и произведува здрави крвни клетки. Повеќето деца со леукемија нема да имаат потреба од трансплантација на коскената срцевина.
Колку долго трае?
- Леукемијата трае различно долго време.
- Целта на третманот е да се постигне ремисија. При ремисија, доаѓа до исчезнување на симптомите и со достапните испитувања веќе не може да се видат канцерски клетки во организмот.
- Штом влезе во ремисија, детето има потреба од хемотерапија уште 2-3 години, за да не се врати болеста.
- Понекогаш и покрај хемотерапијата, леукемијата ќе се врати. Тогаш се користат други типови на третман.
- Леукемија може да се излекува. Под излекување се подразбира ремисија која трае 5 или повеќе години. Брзината на излекување се разликува кај секое дете, и зависи од т.н. прогностички фактори и од организмот на детето.
Дали може да се спречи?
Бидејќи не ги познавеме вистинските причини за појавата, леукемијата не може да се превенира.
Каде да се обратите за помош?
- Вашиот педијатар
- Детски онколог
- Клиника за детски болести, консултативна онколошка амбуланта
|