Што подразбираме под малтретирање?
- Се мисли на физичка или вербална агресија на дете или деца против други деца. Не се работи само за закана. Тука постои свесна желба на насилникот некого да повреди или заплаши, со зборови или со дејствие.
- Вклучува заканување, потсмев, нарекување со погрдни имиња, спречување некој да оди или да прави што сака, буткање, тепање или удирање и други форми на физичко насилство.
Кои деца се објект на малтретирање?
- Децата насилници како објект на насилстовото може да одберат било кого, но тие често избираатдеца кои изгледаат слаби. На пример, одбираат деца кои на некој начин изгледаат различно, кои се уплашени, имаат некој инвалидитет, деца кои се познати по тоа што претерано учат (бубалици), кои не се вешти во спортот, деца кои немаат социјална самодоверба, кои не се способни да се одбранат бидејќи се помали, послаби или помлади.
- Понекогаш, децата провоцираат други деца да се однесуваат насилно, така што прво им се потсмеваат. Насилството се случува почесто во средини, каде постои голема компетиција. Најчесто се случува во училиште. Училиштсто има одговораност за безбедна околина и треба да има план како да се справи со насилниците.
Внимавајте на присуство на знаци за малтеретирање кај вашето дете!
Малтретираните деца не им ја кажуваат својата мака секогаш на возрасните. Тие се уплашени или се чувствуваат засрамено. Некои знаци укажуваат дека биле малтретирани:
- Детето одбива да оди во училиште, изнаоѓа различни изговори да остане дома (на пример вели дека е болно).
- Оди на чилиште по заобиколен пат, за да ја избегне средбата со децата кои го малтретираат.
- Покажува знаци на напнатост. Вели дека го мрази училиштето и нема пријатели.
- Може да има модрици и гребнатинки. Одбива да каже што се случува во училиштето.
Овие знаци не мора со сигурност д а значат дека вашето дете е малтретирано, но треба да ве наведат да проверите, дали нешто се случува. Ако малтретирањето трае подолго, може да има погубителен ефект врз малтретираното дете. Ако им се дозволи на децата да малтретираат, веројатно е дека тие ќе израснат во насилници, кои ќе ги тепаат своите партнери и своите сопствени деца.
Што може да направат родителите?
- Кажете му на своето дете дека насилството е погршно, сфатете го стравот и чувствата на вашето дете сериозно и помогнете му да најде начин да се справи со тоа. Убедете го дека тоа не е криво и дека нешто ќе мора заеднички да направите за да го спречите насилството. Објаснете му дека насилството им се случува на многу деца.
- Заштитете го така што ќе ги вклучите и одговорните во училиштето. Зборувајте со класниот раководител. Повеќето училишта имаат политика како да се справат со насилниците. Ако малтретирањето продолжува, зборувајте со директорот на училиштето кои чекори треба да се превземат, за да се превенира и заштити детето. Бидете истрајни во настојувањата додека не се реши проблемот.
- Ако проблемот стане продолжетелен или ако се повторува во различни ситуации со различни деца, побарајте професионална помош.
Ако вашето дете е насилник
Ако вашето дете малтретира други, размислете околу следното:
- Како вие ја обезбедувате дисциплината во вашата фамилија, дали моделирате пожелни начини на комуникација со другите луѓе?
- Дали постои неслога меѓу сопружниците, кавги, тепачки или насилство во домот?
- Дали вашето дете е загрижено или уплашено од нешто? Каде вашето дете го научило насилничкото однесување?
- Дали сте го одржувале контактот со училиштетото?
Каде да се обратите за помош?
- Во училиштето - класниот раководител, директорот
- Психолог
- Вашиот лекар
- Социјален работник
- Институт за ментално здравје на деца и млади
|