. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Менингитис

 
  Објавено на: 12.04.2005

Што е менингитис?
Менингитис преставува воспаление на мозочните ципи, кои што го препокриваат мозокот и рбетниот мозок. Може да е предизвикан од вируси или од бактерии. Вирусниот менингитис е обично полесен, додека бактерискиот менингитис претставува сериозна инфекција, која може да заврши фатално, без брза антибиотска терапија. Ако вашето дете било во контакт со дете кое има менингитис, внимателно прочитајте ја следнава информација.

Кои се знаците и симптомите на менингитис?
Може да се јави покачена темепратура, силна галвоболка, вкочанет врат, екстремна поспаност или вознемиреност, одбивање храна, неспособност да одговара на прашања, ако се работи за бебе, тоа не се смирува со земање во раце.

Дијагноза
За да се дијагностицира менингитис лекарот треба да направи лумбална пункција: со игла влегува во кичмениот канал и зема малку течност. Течноста се испитува под микроскоп, за присуство на гној и бактерии и се прави култура, за да се види дали е присутна бактерија/ типот на бактеријата.

Третман
Третманот се спроведува болнички и се состои во давање антибиотици и друга т.н. супортивна терапија.

Превенција

  • Меѓу најчестите причинители на бактериски менингитис кај децата помлади од 5 години е бакатеријата хемофилус инфлуенца тип Б (Hemophilus influenza type B). Инфекција со оваа бактерија може да се превенира со вакцина. За жал, кај нас оваа вакцина не е рутински достапна.
  • Друг чест причинител за бактериски менингитис е бактеријата менингокок. Некои типови на менингитис може да се спречат, ако на лицата кои биле изложени, превентивно им се дадат одредени антибиотици.
  • Ако се сомневате дека вашето дете има менингитис, контактирајте го вашиот лекар. Ако се потврди дијагнозата, информирајте ги надлежните во градинката/училиштето, за да можат да превземат заштитини мерки протигв ширење на инфекцијата .

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар
  • Клиника за детски болести, општа амбуланта , невролошка консултативна амбуланта
  • Клиника за инфективни болести
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со : 
Прим.д-р Лилјана Кртева

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.