Кој e предизвикувач на болеста?
Предизвикувач на инфекцијата на крвта (менингококцемија) е бактеријата менингокок.
Кои се знаците и симптомите?
- Покачена температура и кожен исип, со карактеристични крварења на кожата. Без третман, брзо настапуваат шок, кома и смрт .
- Оваа бактерија исто така, може да предизвика воспаление на ципите на мозокот (менингитис), кој се манифестира со темпертатура, главоболка, вкочанет врат, екстремна летаргија и одбивање храна.
- Покрај тоа, менингококната болест може да се комплицира со инфекција на зглобовите или со инфекција во други делови на организмот.
Колкав е инкубациониот период?
Инкубациониот период изнесува 1-10 дена
Колку време детето е заразно за другите и кога може да се врати во градинка/училиште?
Заразен период е до 24 часа по започнување на третманот. Инфицираното дете може да се врати, дури кога тоа ќе го дозволи лекарот.
Превенција и третман
- Децата (и персоналот) кои биле изложени на инфекција (биле во контакт со заразено дете), треба да се заштитат со специфичен антибиотик. Антибиотикот ќе помогне да се елиминира менингококот од носот и од грлото и со тоа се превенира ширење на болеста. Антибиотикот се дава во тек на 24 часа од поставувањето на дијагнозата кај првиот случај, според упатствата на локалниот оддел на министерството за здравство. До примање на првата антибиотска доза, сите деца треба да се отстранат од училиште.
- Ако вашето дете било во контакт со дете болно од инфекција со менингокок, во тек на следниот месец, набљудувајте го внимателно. Ако се разболе или ако добие темепратура, контактирајте го лекарот. Ако тој утврди дека се работи за менингококна сепса, информирајте ги надлежните во училиштето, за да можат да превземат заштитни мерки.
Каде да се обратите за помош?
- Вашиот педијатар
- Клиника за детски болести, општа амбуланта
- Клиника за инфективни болести
|