Што се мали сипаници?
Мали сипаници- морбили преставува сериозна вирусна болест во детството. Се пренесува аерокапково, преку секрети од носот и устата на заболените. Вашето дете било во контакт со дете кое имало мала сипаница? Прочитајте ја внимателно оваа информација.
Знаци и симптоми
Симптоми обично се јавуваат 10-12 дена по експозицијата кон вирусот. Тие вклучуваат висока темепратура, симптоми кои наликуваат н настинка, коњуктивитис (воспаление на очите), и ситен црвеникав исип во форма на точки кој започнува од лицето и вратот и се шири постепено надолу покривајќи го целото тело.
Дали се можни комликации?
Возможни компликации вклучуваат инфекции на увото, пнеумониа и ретко воспаление на мозокот.
Колкав е инкубациониот период?
Период на инкубација: 10-12 дена
Колку време детето е заразно за другите?
Инфективен период: Децата обично се инфективни од 1-2 дена пред почетокот на симптомите или 3-5 дена пред развојот на исипот, до 4-тиот ден по појавата на рашот.
Кога може да се врати во градинка/училиште?
Исклучување од градинка/дневен престој/училиште: децата треба да не доаѓаат до 6-иот ден по почетокот на исипот.
Превенција
- Морбилите може да се превенираат со вакцина. Според нашиот закон, имунизацијата против морбили, паротитис и рубеола (ММР) е задолжително на возраст од 15 месеци. Децата кои се вакцинирани пред 12 месец треба да се ревакцинираат на 15 месеци. Втора доза на ММР се препорачува пред запишувањето во училиште ( 6 години) или пред запишувањето во средното училиште (11-12 години).
- Ако вашето дете не е досега имунизирано, контактирајте го вашиот педијатар.
- Ако се сомневате дека вашето дете има морбили, задржете го дома и контактирајте го вашиот педијатар. Ако докторот дијагностицира морбили задолжително информирајте ги одговорните во градинката/училиштето, за да можат да превземат соотвентни мерки.
Каде да се обратите за помош?
- Вашиот педијатар
- Инфектолог
- Клиника за инфективни болести
|