Заушките се вирусна болест предизвикана од вирусот на мумпс, која се шири аерокапково, преку секрети од респираторниот тракт ( мукус од носот или устата). Вашето дете било во контакт со дете кое има заушки. Прочитајте ја внимателно следната информација.
Кои се знаците и симптомите на заушки?
- Се јавува покачена температура, главоболка и оток со осетливост (најчесто еднострано) на задушните плунчани жлезди сместени на аголот од вилицата (пред, под и зад ушите). Поретко можат да бидат зафатени и подвиличните и подјазичните жлезди (едно или обострано).
- Кај момчиња по пубертетот заушките може да доведат до воспаление на тестисите.
- Други можни компликации се загуба на слухот и воспаление на мозокот и неговите ципи (менингоенцефалитис).
Колкав е инкубациониот период?
Инкубациони период: 12-25 дена по експозиција
Колку време детето е заразно за другите?
Инфективен период: 7 дена пред почетокот на отекување на жлездите и 9 дена откако ќе се јави отокот.
Кога може да се врати во градинка/училиште?
Исклучување од установи со дневен престој: до 9 дена откако ќе се појави оток на паротидните жлезди.
Како може да се превенира?
- Мумпс може да се превенира со вакцинација. Сите деца од 12-15 месеци треба да се вакцинираат за морбили, паротитис и рубеола (МПР). Втората доза се дава пред запишувањето во училиште ( 6 години) или при запишувањето во 5-то одделение ( 11-12 години). Ако вашето дете не е имунизирано за паротитис , контактирајте го лекарот за да договорите вакцинација.
- Ако се сомневате дека вашето дете има заушки, задржете го дома и контактирајте го лекарот. Ако тој потврди дека се работи за заушки, информирајте ги одговорните во градинката/училиштето, за да можат да превземат соответни мерки.
Каде да се обратите за помош?
- Вашиот педијатар
- Инфектолог
- Клиника за инфективни болести
|