. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Настинка

 
  Објавено на: 12.04.2005

Тоа е најчестата болест заради која децата се водат кај доктор. Просечно годишно децата настинуваат помеѓу 6-8 пати.

Што предизвикува настинка?

  • Најголемито дел од настинките се предизвикани од вируси наречени риновируси ( на грчки рино значи нос). Постојат повеќе од 100-тина различни риновируси со афинитет за носната лигавица.
  • Како предиспонирачки моменти се јавуваат сувиот воздух и пушењето.
  • И покрај раширените верувања дека ќе се настинете ако не се облечете добро, ако спиете или седите на промаја или излезете надвор со мокра коса, ова не е докажано.

Кои се симптомите и знаците на нaстинка?

  • Прво се јавува гребење на грлото и течење на носот или затнат нос и кивање.
  • Покрај тоа децата може да се жалат на болки во грлото, кашлица, главоболка, умерена темепратура, малаксаност, мускулни болки и губиток на апетит.
  • Исцедокот од носот прво е воден, а потоа се згуснува, станува жолт или зелен.

Дали настинката е заразна?
Настинката е заразна во првите 2-4 дена откако ќе се јават симптомите.

  • Вашето дете може да добие настинка, така што ќе вдишува делчиња на вирус, кои се шират низ воздухот преку кивање и кашлица од другите деца или со директен контакт.
  • Вашето дете ќе добие настинка ако си ја фаќа устата или носот,откако претходно пипало некоја површина контаминирана со риновируси.

Дали може да се превенира?
Бидејќи има многу вируси кои предизивкуваат настинка, не постои вакцинација со која ќе се превенира настинката. За да се спречи да се добие или да се прошири настинката, треба се внимава на следното:

  • Децата да се држат подалеку од настинати и од пушачи. Вирусните делчиња може да патуваат и до 3.7 метри, со воздухот кога некој ќе кивне или ќе се искашла. Дури и пасивното пушење може да допринесе вашето дете да се разболе.
  • Мијте ги рацете често и темелно особено откако ќе му го издуватеносот на вашето дете.
  • Кога кашлаат или киваат, нека ја држат раката на устата.
  • Не користете исти пешкири или прибор за јадење со тој што има настинка. Секој нека пие само од својата чаша , никогаш не знаете кој е пред добивање на настинка и можеби го шири вирусот.
  • Не користете туѓи шамивчиња.
  • Цинк или витаминот Ц можат да го скратат траењето и изразеноста на симптомите на настинка, но ако се земаат во претерани количини може да имаат негативни ефекти.
  • Популарни за лекување на настинката се херабалните римедии , како што е ехинацеа- но не е докажано дали навистина делуваат.. Ако сакате да му дадете ваков препарат на детето или било каква додатна суплементација на витамини, разговарајте околу тоа прашање со вашиот педијатар.

Колку долго трае настинката?
Симптомите најчесто се јавуваат 2-3 дена по експозицијата на изворот на инфекцијата. Вашето дете е најзаразно првите 3-4 дена по појавата на симптомите, но може да биде заразно и до три недели. Најчесто болеста поминува за една недела (иако може да трае и две недели).

Како се третира?
Нема специфични лекови за настинката, се лекуваат симптомите, како што се мускулните болки, главоболката, и температурата.

  • Може да се дадат препарати базирани на ацетаминофен или ибупруфен, почитувајќи ги препораките за дозирање, според возраста и тежината, дадени од производителот.
  • Аспирин во тек на вирусна инфекција не треба никогаш да се дава на дете помало од 12 години, и треба да се избегнува кај деца и тинејџери под 19 години. Во спротивно се зголемува ризикот за Рејов синдром- ретка но опасна состојба, која може да биде фатална.
  • Може да се дадат лекови кои ја намалуваат конгестијата (деконгестивни лекови) и антихистаминици, со што се олеснува дишењето, но нема доказ дека ова навистина делува. Понекогаш кај доенчиња, овие лекови ( анти-конгестивните лекови) може да предизвикаат халуцинации, вознемиреност и неправилна работа на срцето и затоа се избегнуваат кај деца под 2 години.
  • Наместо тоа може во носот да се ставаат солени капки, а потоа носот да се издува или кај доенче да се аспирира со пумпичка.
  • Воздухот во просторијата каде борави детето треба да се овлажнува. На кожата под носот, која заради постојаната секреција често се разранува, помага ако се намачка со некоја маст. Кај поголемо дете (над три години) може да се даваат освежувачки ( лути) бомбони за да се намали болката на грлото.
  • За ублажување на болките помагаат топла бања и топли облоги. Пареата од тушот во бањата помага да се олесни дишењето.
  • Постои широко распространета традиција, кога сме настинати да пиеме топла пилешка супа. Пилешката супа ја содржи аминокиселината цистеин, која делува на разводнување на мукусот и ова би можело да помогне за намалување на конгестијата во носот.
  • Во однос на исхраната, децата кога се болни обично одбиваат да јадат. Не треба да се форсираат, побитно е да пијат многу течности, како вода и сокови, за да се надокнадат губитоците заради температурата и заради продукцијата на мукус. Избегнувајте кофеинирани напитоци ( на пр. кола), кои предизвикуваат засилено мокрење и го зголемуваат ризикот за дехидратација.

Кога да викнам доктор?
Вашиот доктор нема да може да идентифицира за кој специфичен вирус станува збор, но ќе го прегледа грлото и ушите и евентуално ќе направи брис од гушата ако се сомнева дека инфекцијата е предизвикана од друг причинител. Одведете го на лекар ако:

  • По три дена, симптомите наместо да се подобруваат се влошуваат. Може да се работи за стрептококна ангина, синузитис , пнеумониа или бронхитис.
  • Ако симптомите траат подолго од една недела.
  • Ако се јавуваат секогаш во исто време во годината или секогаш кога постои експозиција на полен, прашина , животни или нешто друго. Вашето дете може да има алергија.
  • Ако детето при настинка дише тешко или има визинг , можеби има астма.
  • Ако кашла продолжиателно со исфрлање на многу мукус и има скратен здив.
  • Ако изгледа тешко болно, одбива храна и течности, болката во грлото и главата се засилува, не може да голта, детето е поспано, ако се жали на болка во градите и стомакот, ако има отечени лимфни жлезди на вратот или висока температурата ( на д 39.3 степени Ц)

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар
  • Клиника за детски болести, општа амбуланта
  • Институт за белодробни заболувања кај деца
  • Клиника за инфективни болести
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со : 
Прим.д-р Лилјана Кртева

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.