. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Никнување на заби

 
  Објавено на: 07.09.2005

Што сe подразбира под никнување на заби?
Под никување на заби се подразбира процесот на избивање на првите заби кај бебето. Обично прво никнуваaт преднитe долни заби, а потоа предните горе. Кога детето ќе потпорасне, овие први заби ќе се заменат со постојани заби, од 6-та година па натаму.

Кога треба да почне?
Обично започнува помеѓу 4-7 месеци, но некои деца се раѓаат со заби, а кај други забите не никнуваат се до 12-иот месец. И двете ситуации се сметаат за нормални.

Кои се знаците и симптомите?
Може да нема никакви симптоми или никнувањето на заби може да е болно. Непцата може да се отечени и болни. Присутно е зголемено лигавење. Бебето става сешто во уста и жвака.Може да е нерасположено и вознемирено. Спротивно на раширеното убедување, никнувањето на заби
не предизвикува покачена темепратура, нити проблеми со спиењето или пролив.

Како се третира?
Може да му дадете на бебето да жвака специјален додаток за заби (или нешто тврдо, кое е доволно големо за да не може да го проголта). Со тоа може да му се олесни болката. Користи ако му дадете да жвака нешто ладно- на пр. ладно пешкирче кое претходно било ставено во фрижидер 30 мин. По секоја употреба исперете го. Избегнувајте да му дадете да жвака прстен со течна содржина внатре. Може да се случи да прсне, а течноста внатре не е сигурна. Ако го ставате прстенот за непца во фрижидер, извадете го надвор пред да се стврдне премногу. Ако е многу тврд, може да ги изгребе отечените непца на детето. Масирајте му ги непцата со вашиот прст (претходно измиен). Никогаш не му го обесувајте прстенот за непца околу вратот. Може да се задави. Бришете ја лигата од лицето на бебето за да спречите појава на исип. Ако го боли дајте му ацетаминофен (на пр. Панадон), за да му олесните. Колачиња за непца не се препорачуваат бидејќи содржат шекер и може да предизвикаат кариес.

Колку долго трае процесот на никнување заби?
Обично првите 20 заби никнуваат до 2.5-3 год.

Како да се превенираат дентални проблеми?
Чистете ја устата на детето уште од првите денови по раѓањето

  • По секое хранење, чистете го непцето со влажно марамче (пелена)
  • Откога ќе му никне првиот заб, употрбувајте нежна четка, мала четкица за заби за да го очистите. Прашајте го докторот дали треба да употребите и паста а заби.
  • Ако вашето бебе добие кавитети, забите ќе испаднат многу брзо, оставјќи простор, каде перманентните заби може погрешно да изникнат. Треба да го одведете кај стоматолог прв пат кога ќе наполни 1 година.
  • Може да настанат проблеми поврзани со хранење со цуцла со млеко од формула, засладена вода , или овошен сок ако останува во тек на ноќта или во тек на дневниот сон. Течноста се задржува околу забите и може да доведе до еродирање - т.н. циркуларен кариес. Ако вашето бебе подобро спие со шишето со цуцла, ставете во него само вода.
  • Никогаш не ја мачкајте цуцлата лажливка со мед или слатко.
  • Редовно водете го кај стоматолог, почнувајќи од 1 година.
  • Ако е бебето е многу вознемирено и не може да го смирите и ако му се покачи температура повикајте доктор.

Каде да се обратите за совет?

  • Вашиот стоматолог
  • Вашиот педијатар
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со
Асс. д-р Христо Петановски

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.