. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Орасести (јаткасти) плодови

 
  Објавено на: 12.04.2005

Заради високата содржина на масти јаткастите (орашести) плодови , долго време не се препорачуваа на лица со корнорана болест и на лица кои сакаат да изгубат тежина. Од неодамна е покажано спротивното т.е. дека тие всушност делуваат заштитно против срцевите болести и веројатно и против шеќерната болест, и дека ако се земаат умерено не влијаат негативно на телесната тежина.

Нутритивен состав
Постојат мали разлики во составот на различни јаткасти плодови. Генерално сите содржат:

  • Малку заситени масти.
  • Многу мононезаситени и полинезаситени масти.
  • Не содржат холестерол.
  • Содржат фитохемикалии, како што се фитоестрогени и фенолни состојци, елагична киселина и флавоноиди.
  • Содржат влакнести материи.
  • Содржат квалитетни растителни протеини, вклучувајќи ја аминокиселината аргинин.
  • Витамини Е, В6, нијацин и фолна киселина.
  • Важни минарали како магнезиум, цинк, железо, калциум, бакар, селен и калиум.

Дали јаткастите плодови превенираат коронарна срцева болест?
Холестеролот кој содржи липопротеини со ниска густина (ЛДЛ), се смета за „лош“ холестерол и се поврзува со развој на артериосклероза – состојба која се карактеризира со исталожување во зидот на артериите и нивно стеснување. Најмногу одговорни за ова се заситените масти од животинско потекло, кои делуваат преку покачување на холестеролот во крвта. Изгледа дека, јаткастите плодови помагаат во снижувањето на липидите во крвта, ја редуцират оксидацијата на ЛДЛ и консеквентно ги одржуваат здрави крвните садови . Во повеќе истражувања се покажало дека оревите го намалуваат нивото на холестеролот и консумацијата на ореви се поврзува со снижување на инциденцата на срцевите заболувања. Во една студија, земањето по една полна рака ореви, 5 дена во неделата, го преполовило ризикот за срцево заболување.

Исклучоци од правилото
Јаткастите плодови- вклучувајќи ги бадемите, оревите, лешниците, ф?стаците, индиските ореви, бразилските ореви, кикириките – сите содржат главно мононесатурирани масти. Исклучок се кокосовите ореви и палмините ореви, кои содржат многу заситени масти. Заситените масти се поврзуваат со зголемениот ризик од коронарна срцева болест. Сепак, се покажало дека дури и заситените масти, ако потекнуваат од растенија ( на пример кокосово масло), кога се консумираат на традицонален начин, заедно со други растителни храни ( зеленчук) и риба не доведуваат до аретериосклероза.

Дали јаткастите плодови предизвикуваат дебелина/шеќерна болест? Мастите во исхраната се сметаат за високо енергетски – тие се со два пати повеќе килоџули/грам (37кЈ), во споредба со 17 кЈ/гр за протеините и 16 кЈ/гр за јаглените хидрати, респективно. Сепак, дури и дебелите лица имаат корист од јаткастите плодови, без да е тоа следено со покачување на телссната тежина, доколку консумираат умерени количини - наместо да јадат масна процесирана храна. Некои јаткасти плодови содржат повеќе масти од другите, а други вариетети како што се костените, содржат помали количини на масти.

Дали јаткастите плодови предизвикуваат алергија?
Кикириките - и во помала мерка бразилските ореви, бадемите и лешниците - може да предизвикаат акутна алергија кај малите деца. Понекогаш овие алергии може да се животозагрозувачки. Затоа, малите деца со предиспозиција за алергии, треба да избегнуваат кикирики и други типови на орашасти плодови.

Препораки
Поновите истражувања фрлија нова светлина врз улогата на на јаткастите плодови во превенцијата на срцевите заболувања и дијабетес. Како резултат на ова препораките во однос на јаткастите плодови се изменети.

  • Веројатно најдобриот совет е да се зема една полна рака различни јаткасти плодови (9-15 ) дневно, особено ореви и бадеми. Наместо да се земе бисквит или парче торта, подобро е да земете една рака непечени јаткасти плодови. Ова се препорачува и на луѓе кои се обидуваат да изгубат тежина. Треба да се земаат во форма на оброк, кој се состои од комбинација на орашести плодови и нискоенергетска храна (како што е зеленчук)- тоа е традиционален начин на приготвување на храната во Азија.
  • Вегетеријанците, веганите и луѓето кои не јадат црвено месо, треба да консумираат орашести плодови, скоро секојдневно, како замена за месото ( во однос на содржината на протеини, масти, железо, зинк и ниацин). На пример ? чаша ореви или ? чаша семки или две супени лажици на путер од кикирики или паста од сусам (тахини) се еквивалентни на оброк месо.

Каде да се обратите за совет?

  • Вашиот лекар
  • Диететичар
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со : 
Проф.д-р Стевка Грујовска

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.