. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Позиција на бебето при спиење

 
  Објавено на: 12.04.2005

Дали е подобро бебето да спие на грб или на стомак?
Во 1992 год американската академија за педијатрија препорача здравите доенчиња помлади од 6 месеци да се ставаат да спијат на грб . Оваа препорака се базираше на претходните сознанија дека спиењето на стомак може да доведе до ненадејна смрт на доенчето и дека во САД на овој начин умираат околу 3000 доенчиња годишно. Иако не е сосема јасно што навистина предизвикува ненадејна, нејасна смрт, се покажало дека спиењето на грб значително го редуцира овој број, за повеќе од 40%.

Кои други мерки треба да се превземат за да се намали ризикот од ненадејна смрт на доенчето (НСД)?
Според препораките на американската академија за педијатрија, за да се намали ризикот од ненадејна смрт на доенчето, покрај спиењето на грб, треба да се внимава и на следните мерки:

  • Детето треба да се постави да спие на тврда површина, без перница или други предмети кои може да се притиснат.
  • Доенчињата да не се ставаат во креветот со возрасните.
  • Да се избегнува претераното облекување што може да доведе до претоплување.
  • Децата да се држат настрана од димот на цигарите, а во тек на бременоста мајките да не пушат.

Дали спиењето на грб е поврзано со ризик за аспирација?
Некои родители се плашат дека при спиење на грб се зголемува ризикот од аспирација на повратената содржина, во случај детето да повраќа, но во реалноста ова не преставува проблем.

Кога може бебето да се постави да спие на стомак?

  • Во тек на денот, додека бебето е будно може да се стави одредено време на стомак. Ова делува поволно на развојот на моториката.
  • Постојат некои медицински состојби, во кои е подобро детето да спие на стомак. За такви ситуации родителите треба да се консултираат со лекарот.

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар

Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
 
 

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.