Децaта во нивните пубертетски години покажуваат зголемен апетит но бидејќи растат и покрај зголеменото јадење не се здебелуваат. Тоа е нормална појава. Ако детето јаде невообичаено големи количини на храна-и при тоа се чувствува криво или тоа го држи во тајност-можно е дека страда од специфично пореметување на исхраната кое се нарекува- прејадување.
Што е тоа болест на „прејадување“ (binge)?
Повеќето луѓе се чувствуваат убаво кога јадат. Храната асоцира на нашите најубави прослави. Кај луѓето кои страдаат од ова пореметување се разликува пристапот кон храната. Во почетокот тие чувствуваат пријатност, но подоцна кривица и нелагодност. За кратко време, овие луѓе изедуваат невообичаено големи количества храна , без да можат да се самоконтролираат, и тоа се повторува редовно. Тие немаат никаква контрола над тоа колку да изедат и кога да запрат со јадењето. Таквото однесување станува начин на исхрана и обично се сменува со диети за слабеење. Ова пореметување треба да се разликува од нормалното прејадување и од некои други пореметувања на исхраната:
- Децата и тинејџерите понекогаш јадат многу, но тоа не значи дека страдаат од „прејадување“. Во периодите на интензивен раст, тие имаат потреба од повеќе нутритивни материи за да ги задоволот потребите на растот.
- Повеќето луѓе од време на време се прејадуваат, најчесто на празници и тоа не е болест.
- „Прејадувањето“ треба да се разликува од другите пореметувања на исхраната, како што се булимија нервоза и анорексија нервоза. Луѓето со булимија нервоза повторувачки јадат претерани количини на храна и заради тоа се чувствуваат криви и засрамени. Некогаш ова пореметување се нарекува „binge-purge“ синдром, што означува дека по прејадувањето следи повраќање на храната или пак се користат лаксативи за да се избегне здебелување.
- Аноректичарите гладуваат предизвикувајќи потенцијално опасност за својот организам.
- Кај анорексија атлетика , пациентите за да ја намалат тежината вежбаат компулсивно.
Тешко е точно да се процени бројот на луѓето кои страдаат од ова пореметување, бидејќи повеќето луѓе се срамат да побараат помош. Уште се посиромашни информациите колку деца страдаат од ова пореметување, но возрасните во тек на третманот, често велат дека нивните проблеми со јадењето започнале уште во периодот на деца или во адолесценцијата. За разлика од повеќето пореметувања на исхраната, во кои повеќе страдаат жените, кај ова пореметување рамномерно страдаат и двата пола.
Ризици и компликации
- Бидејќи повеќето луѓе со ова пореметување се дебели, најчестите здравствени ризици се исти како кај дебелината и вклучуваат дијабетес, покачен крвен притисок, покачен холестерол, болести на жолчниот меур, срцеви болести и некои видови на канцер.
- Покрај физичките компликации, може да се јават и психички проблеми како депресија, анксиозност, чувство на кривица или срам. Овие деца може да избегнуваат да одат во училиште и тешко се социјализираат, бидејќи се чувствуваат засрамени од проблемот.
Знаци и симптоми
- Може да биде тешко да се утврди дали вашето дете страда од “неконтролирано јадење“ со прејадување, особено ако се работи за тинејџер во периодот на забрзан раст, кога ви изгледа дека ќе изеде се што има дома.
- Неколку симптоми го одвојуваат детето кое јаде неконтролирано, од она со “здрав апетит“. Родителите треба да се посомневаат за проблемот кога ќе откријат дека недостасува голема количина храна, за која не може да се замисли дека едно дете е способно да ја консумира. Забележуваат дека детето јаде голема количина храна за кратко време. Ова може да е потенцирано од емоционален стрес (на пример конфликт во семејството, конфликт со наставниците и сл.). Детето се чувствува засрамено или згадено од количината која ја јаде. Во неговата соба пронаоѓаат скриени контејнери со храна. Неговиот начин на исхрана е нерегуларен, пропушта оброци , јаде премногу „џанк“ храна, јаде во невообичаено време ( на пример доцна во ноќта).
Што е причината за „неконтролирано јадење“?
Причината е непозната, но утврдено е дека околу половина од луѓето кои страдаат од ова пореметување исто така имаат историја за депресија. Останува нејасно, дали „неконтролираното јадење“ води кон депресија или луѓето со депресија се повеќе склони кон ова пореметување. Често пати епизодите на „прејадување“ се провоцирани од чувство на лутина, тага, досада или напнатост.
Како се поставува дијагнозата?
Дијагнозата ја поставува лекарот откако ќе го проучи начинот на јадењето и емоционалните проблеми кај вашето дете и семејното милје. Покрај тоа лекарот ќе направи комплетен физикален преглед и одредени лабораториски тестови за да процени дали се евентаулно присутни компликациите од дебелината и од неадекватната исхрана.
Третман
Се користат разни форми на терапија. На пример, семејната терапија и когнитивната бихевиоријална терапија ги учи луѓето на техниките со кои ќе ги мониторираат и менуваат навиките на исхраната и начинот како реагираат кон стрес. Советите од лекарот помагаат пациентите да ги сфатат односите со другите и да работат на подрачјето кое ја предизвикува напнатоста. Во комбинација со претходните мерки, во некои случаи лекарот ќе препише лекови против депресија. Како и кај другите пореметувања на исхраната нема брз лек за „бинге“ јадењето. Третманот може да трае неколку месеци или подолго, додека не се усвои и прифати поздрав однос кон храната.
Каде да се обратите за помош?
- Вашиот педијатар
- Детски психолог/психијатар
|