За родителите на близнаци, тројки, четворки или повеќе деца може да преставува вистински проблем кога треба да ги заспијат своите деца. Тие може да плачат и да си играат во тек на цела ноќ, а родителите ќе се исцрпат за многу кратко време. Кон ова допринесуваат и додатните проблеми кои се чести кај ваквите бебиња, како што се малата телесна тежина и потребата да се хранат често (почесто од другите деца).
Како да создадете навика за ноќно спиење?
За да им створите навика за ноќно спиење, важно е секоја вечер да ги ставате во кревет на ист начин. Договорете се со вашиот партнер или со оние кои ви помагаат, да ја воспоставите рутината за ноќно спиење. Некои од следните сугестии може да ви бидат од корист:
- Екпериментирајте со спиењето да видите што најмногу им одговара на вашите бебиња, на пример спиење заедно или во посебни колевки.
- Синхронизирајте ги ноќните оброци, така да бидат во исто време, иако тоа може да значи едното бебе да го разбудите.
- Утврдете навика за дневно спиење.
- Ставајте ги бебињата во кревет секоја вечер, во исто време.
- Претходно олабавете ги со топла бања, масажа, нежна музика.
- Одвојте ги, доколку едното бебе постојано го буди другото.
- Не го земајте бебето кое плаче во кревет со вас или ќе научат да плачат само заради додатно внимание.
Како што растат, нивниот ритам на спиење станува индивидуален. Може да се случи секое дете да стекне различни навики. Следните сугестии може да ви се од корист:
- Немојте да ги заплашувате/казнувате со рано легнување во кревет за да не создадете аверзија кон креветот.
- Обидете се да не им дозволите да спијат доцна попладне.
- Не им читајте многу возбудливи или страшни приказни, и не дозволувајте гледање телевизија до доцна.
Каде да се обратите за совет?
- Патронажната сестра
- Вашиот педијатар
|