. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Проценка на растот кај децата

 
  Објавено на: 07.09.2005

Врз растот влијаат многу фактори вклучувајќи го наследството, исхраната и здравствената состојба. Може да се проценува на повеќе начини. Ако исхраната е адекватна и ако немаат хронична болест повеќето деца постигнуваат нормален раст и развој.

Бебиња
Бебињата и децата обично не растат на идеално рамномерен начин- тие имаат тенденција да растат во „периоди“. Кај нив промена во висината и тежината се јавува за кратко време. Првата година на животот е време на најбрз раст. Просечно во првата година, бебе родено со 3.2 кг, ќе ја зголеми за три пати тежината и ќе тежи околу 10 кгр.

Мали деца
Во втората година растот забавува, детето просечно додава во тежина по 2-3 кг, секоја наредна година, се до вториот голем „врв“ во пубертетот.

Методи за проценка на растот
Постојат различни начини да се процени растот кај децата и адолесцентите. Најчесто се користат следниве:

  • Основни мерења кои вклучуваат тежина, висина и обем на главата.
  • Проценка на телесниот состав, како што е масното ткиво или мускулната маса
  • Калкулација на BMI (body mass index)
  • Споредување со стандарди- користејќи криви на растот и карти на растот, кои овозможуваат објективно да се интерпретираат мерењата.  

Проценка на телесниот состав
Вклучува некои егзактни мерења како што е проценка на масното ткиво и мускулната маса. Тоа се скапи , комплицирани и тешко спроведливи мерења. Главно се користаат во медицинските истражувања.

Индексот на телесната маса (БМИ)
Одредување на БМИ е најчестиот начин да се процени дали некој возрасен е потхранет, нормално тежок или потежок од нормално. Тоа е бројка која ја интерпретира тежината во релација со висината на таа особа. Се калкулира така што се дели тежината изразена во килограми, со висината изразена во квадратни метри.

БМИ кај деца и адолесценти
Ако БМИ изнесува 20 до 25 тоа се смета за здрава тежина. Ова е точно за возрасните, но не е одговарачко за децата. Кај возрасните, растењето е завршено и ако е повисок БМИ-от тоа укажува дека се зголемило масното криво. Децата растат, кај нив количината на масното ткиво постојано се менува како и нивниот БМИ. На пример, овој индекс е помал во тек на претшколските години и потоа расте до пубертетот и до периодот на возрасен.

Стандардни криви и карти на растот
Овие карти се користат за проценка на растот на децата. Тие се добиени од големи популациони студии и го одразуваат нормалниот распон на висина и тежина, за дадената популација, во било која возраст, до перидот на возрасен. Во нашата земја користиме интернационални карти на растот, кои се изработени врз основа на популациони студии од повеќе различни земји.

Кога да се обратите на лекар?
Ако сте загрижени околу растот на вашето дете или ако имате било какво прашање и нејаснотија во врска со тоа. 

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот педијатар
  • Клиника за детски болести - ендокринолошка амбуланта
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со
Проф.д-р Стевка Грујовска

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.