Што е пубертет?
Пубертет е процес низ кој под дејството на хормоните, телото на девојчињата и момчињата се менува и созрева. Вашето дете ќе созрее од дете во жена односно маж.
Кога се јавува?
Обично, кај девојчињата започнува порано отколку кај машките. Постои широк ранг на возраст, на која може да започне. Кај девојчињата најчесто започнува помеѓу 9 и 13 години. Кај момчињата помеѓу 10 и 16 години. Најчесто започнува во исто време како што било кај родителите.
Кои промени се очекуваат кај девојчињата?
- Обично прво се зголемуваат градите.
- Се појавува влакнетост на пубичната регија ( подрачјето помеѓу нозете) и под пазувите.
- Мирисот на телото станува посилен.
- Кожата станува помасна. Се јавуваат бубуљици (акни).
- Започнува да добива во тежина, особено околу колковите.
- Започнува забрзано да расте во висина.
- Потоа ја добива првата менструација и започнува менструалниот циклус. Обично ова се случува, во тек на 2 години откако започнале да растат градите.
Кои промени се очекуваат кај момчињата?
- Расте пенисот и тестисите (јајценцата). Ова е обично првата промена.
- Станува влакнест на рацето, лицето, нозете и во пубичното подрачје (подрачје помеѓу нозете).
- Кожата станува помасна. Може да му се јават мозолки (акни).
- Мирисот на телото се засилува.
- Пораснува во висина. Рамената му се прошируваат.
- Започнува да добива во тежина.
- Гласот се задебелува.
Колку трае пубертетот?
Може да трае и до 8 години. Кај некои луѓе завршува побрзо. Кај други тече поспоро.
Кога да се јавите на лекар?
- Ако сте загрижени околу промените низ кои поминува вашето дете. На пример, кај машко дете може да се јават гради.
- Ако мислите дека рано се јавуват вакви промени или дека доцнат. Ако промените се јават пред осмата година кај девојче и пред деветата година кај машко дете, треба да се консултира детски ендокринолог.
Каде да се обратите за совет?
- Вашиот лекар
- Детски ендокринолог
- Клиника за детски болести, ендокринолошка амбуланта
|