Што е сколиоза?
Нормално, рбетот има три кривини, една на вратот, една во горниот дел на грбот и една во долниот дел од грбот. Овие кривини може да се видат ако детето се посматра странично, но ако се гледа од назад рбетот изгледа прав. Сколиоза е странично искривување на рбетот. Наместо да биде прав, тој добива облик на буквата S или на буквата C.
Што ја предизвикува?
- Во најголемиот број на случаи, не знаеме што ја предизвикува.Тоа е т.н. идиопатска сколиоза.
- Кај некои деца постојат други проблеми, како повреди кои доведуваат до мускулен спазам, повреди на рбетот, нееднаква должина на нозете или проблеми со мускулната контрола ( на пр. церебрална парализа), кои доведуваат до странично искривување на рбетот. Ако овие проблеми можат да се излекуваат ќе се излекува и сколиозата.
Кој може да ја добие?
Може да ја добие секој, во било која возраст. Почесто се јавува кај девојчиња отколку кај машки. Апроксимативно 1:10-20 девојчиња развиваат сколиоза во периодот на интезивен раст, во раната адолесценција ( од 9-14 години). Во најголем број на случаите сколиозата е блага и нема потреба од третман. Кај машки , сколиозата е поретка. Кај нив најчесто се јавува на возраст помеѓу 12-14. Може да се јавува фамилијарно. Ако родителот, братот или сестрата имаат сколиоза треба да се прегледа детето.
Кои се знаците и симптомите?
- Обично нема болки.
- Едното рамо е повисоко од другото.
- Нееднаков ( ирегуларен) струк .
- Едниот колк е повисок од другиот.
- Наведнатост кон едната страна.
- Ребрата се испакнати на едната страна од градниот кош.
- На рентгенска слика се гледа сколиоза
Како се третира?
- Повеќето деца немаат потреба од третман. Единствено треба да одат на контролни прегледи, за да лекарот види дали се влошува искривувањето.
- Ако се влошува, докторот може да предложи детето да носи корсет. Корсетот оди под рацете и го опфаќа градниот кош, долниот дел на кичмата и колковите.
- Ако и понатаму продолжува искривувањето докторот може да советува хируршка интервенција со која ќе се исправи кичмата. Обично хируршката интервенција е успешна.
Дали може да се превенира?
Не. Сколиозата не може да се превенира.
Каде да се обратите за помош?
- Вашиот педијатар
- Ортопед
- Клиника за ортопедија
|