. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Спиењето и вашето бебе

 
  Објавено на: 27.09.2005

Бесони ноќи по доаѓањето на новото бебе - до кога?
Голем предизвик за новите родители е да ја прифатат новата ситуација во која заради потребите на бебето тие мораат од ноќ во ноќ да бдеат и да го прекинуваат сонот, па се чувствуваат хронично ненаспани и уморни. Факт е дека новороденчињата имаат потреба од хранење и промена на пелените во редовни интервали, во тек на 24 часа. Веројатно е дека вашето бебе набрзо ќе се вклопи во фамилијарната рутина и ќе спие повеќе во тек на ноќта. Значи бесоните ноќи нема да траат бесконечно. Но да не се залажуваме! Безгрижните ноќи со непрекинато спиење , како во периодот пред доаѓањето на новиот член се минато. Сега бебето го има приоритетот во фамилијарниот распоред. Некои совети може да ви бидат од корист и да ви помогнат полесно да се справите со новонастанатата ситуација.

Првите 6 месеци од животот
Следните совети може да ви бидат од корист:

  • Секогаш ставајте го бебето да спие на грб.
  • Обидете се да го преповивате секој ден, во исто време.
  • Шемата за ноќно спиење се учи, затоа одберете ноќна рутина за спиење и обидете се да се придржувата кон тоа.
  • Олабавете го бебето пред спање, избањајте го, масирајте го нежно или пуштете му нежна музика.
  • Пред да си легнувате пригответе доволно чисто пелени и облека, така да не мора да ги барате во тек на ноќта.

6 -12 месеци
Следните совети може да ви користат:

  • Придржувајте се и понатаму кон рутината за ноќно спиење.
  • Штом еднаш сте го ставиле бебето за спање, легнете си и вие. Не продолжувајте со ноќно бдеење или не ја етаблирајте ноќта, како време за разговор.
  • Осигурајте се дека детето добро сте го нахраниле во тек на денот, доколку е гладно почесто ќе се буди.

Деца над една година
Следните совети може да ви бидат од корист за да воведете ред во спиењето кај вашето дете:

  • Креветет нека служи само за спиење, не за играње или релаксација.
  • Немојте да го казнувате со тоа што ќе го пратите во неговата соба, тоа може да предизвика негативни асоцијации во врска со креветчето кога ќе треба да си легне за спиење.
  • Избегнувајте да преспива доцна попладне.
  • Некои деца се плашат од темнина , дозволете да свети ноќната ламба.
  • Одвреме на време ревидирајте го времето на легнување, во склад со возраста и зрелоста на детето.

Како да постапите ако детето плаче во тек на ноќта?
Ако детето плаче, најчестата реакција е да го земеме во раце. Можно е со време тоа да почнува да плаче тогаш кога сака да го сврти вашето внимание. Некои деца стануваат експерти во управување со контролираниот програм на плачење. Рационално е да постапите на следниот начин:

  • Кога ќе почне да плаче, почекајте пет минути пред да влезете во собата.
  • Обидете се да го смирете, но не го земајте во раце. Брзо напуштете ја собата. Ако детето и понатаму плаче, почекајте 10 минути, а следниот пат 15 минути.
  • Ако детето во тек на ноќта се разбуди и повторно почне да плаче, започнете го иститот процес повторно. Прогресивно, од ноќ во ноќ, зголемувајте го времето пред повторно да влезете во неговата соба. Детето ќе сфати дека ноќното плачење веќе не му се исплатува.

Поделете ги обврските со партнерот!
Ако во ноќн ите бдеења ви помага партнерот, размислете можеби е разумно да се поделите во ноќни дежурства. Кога имате слободна ноќ, максимално искористете ја за одмор. Квалитетен непрекинат сон, секоја втора ноќ овозможува подобро да се справите со обврските кога ќе дојде вашиот ред. Дури и ако го доите детето, можна е поделба на ноќните обврски, така што претходно ќе се измолзите и тој оброк ќе му го дадете во шише.

Каде да се обратите за совет?

  • Вашиот педијатар
Подготви :
Проф. д-р Кузмановска Дафина
 

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.