Недоволната физичка активност карактеристична за урбаниот начин на живот во комбинација со неквалитетната високо-калориска исхрана и стресот претставуваат главна причина за подоцнешната појава на многу од болестите на современиот свет Важно е со физичката активност да се започне рано, уште од раната детска возраст. Важно е детето да учествува во изборот на спортот кој нему најмногу му одговара, и кој треба да го практикува ненасилно и непретерано. Секое претерување, покрај ризикот од физичко повредување може да делува контрапродуктивно и да го одбие детето од конкретната спортска активност.
Кој се најчестите мотиви на децата при избор на спортот со кој ќе се занимаваат?
- Децата сакаат акција.
- Сакаат да бидат дел од тимот.
- Сакаат натпреварување (компетиција )
- Време да си играат со другарите.
- Свое право на глас при изборот.
- Да уживаат.
Што треба да знаат родителите за своето дете?
- Неговите физички предиспозиции. Важно е групите да се формираат врз основа на возраста, големината и физичката зрелост на децата.
- Конгитивната спремност. Способноста на децата да разберат и запаметат инструкции е различна.
- Социјалната умешност. Дали детето сака да игра во група, во парови или само?
- Умешноста да соработува . Како се справува со успех, со разочарување или со стрес?
Што треба родителите да знаат за спортот кој го избираат за своето дете?
- Добро да ги запознаат расположивите спортски програми и нивните цели.
- Колкава е цената и која ќе биде обврската на родителите.
- Да утврдат дали соответниот спортски програм се сложува со фамилијарните цели и вредности.
- Да ги препознаат сопствените ограничувања.
- Да го запознаат тренерот и неговите квалификации и искуство со деца.
- Да се запознаат со сигурноста на спортските програми и со планот.
На што треба родителите да внимаваат за да направат најдобар избор за своето дете?
- Вашето дете е корисникот, не вие. Фокусирајте се на неговите цели, не на сопствените!
- Фокусирајте се на учење и напредување, не на победа!
- Добро е децата да се испробаат во повеќе спортови.
- Разговарајте со своето дете околу неговите активности!
- Учествувајте во неговото уживање!
Дали го направивте вистинскиот избор?
- Дали вашето дете делува возбудено или загрижено?
- Дали е успешно во совладувањето на новите вештини ?
- Дали активноста на детето ги подобрува фамилијарните односи и ги подржува фамилијарните вредности.
- Дали вашето дете може да се справи и да ги задржи и другите активности? Домашните задачи, другарствата, социјалните функции?
- Дали вашето дете покажува било какви знаци на претеран стрес?
- Дали вашето дете ужива?
Каде да се обратите за совет?
- Вашиот лекар
- Класниот раководител
- Наставникот по физичко воспитување
|