. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Телесен имиџ за вашето дете

 
  Објавено на: 12.04.2005

Што се подразбира под телесен имиџ (body image)?

  • Под „body image“ се подразбира она што некој го чувствува и мисли за сопственото тело и како замислува да изгледа. Можно е се да е во ред, а сепак да не се мисли така.
  • Незадоволство со сопствениот body image“ може да доведе до низа негативни ефекти, вклучувајќи пореметување во навиките за јадење, депресија, анксиозност и недоволна самопочит.
  • Ниската самопочит може негативно да влијае врз односите со другите и врз изборот на кариерата.
  • Незадоволството со физичкиот изглед може да е причина да престанете со физичка активност, бидејќи не сакате другите луѓе да ве гледаат. Седечкиот животен стил од своја страна, води кон низа здравствени проблеми, како дебелина и ризик за срцево заболување.

Постојат повеќе начини родителите да промовираат позитивен телесен имиџ и да го зајакнат чувството на самоценење кај децата.

Бидете добар пример
Највлијателен модел во животот на вашето дете сте вие. Сопствениот пример е најважен.

  • Обидете се семејната исхрана да содржи многу свежо овошје, зеленчук, посно месо, продукти кои содржат малку масти и цереалии. Избегнувајте пржена храна и слатка ужинка.
  • Не го подржувајте вашето дете да држи строга диета. Објаснете му дека таквите диети се опасни.
  • Прифатете го вашето сопствено тело, величината и обликот. Немојте да се поплакувате за неубавите делови на телото, или барем немојте тоа да го правите пред децата.
  • Прифатете го изгледот и величината на телото на другите луѓе. Не обрнувајте внимание на физичкиот изглед, бидејќи и вашето дете исто така ќе обрнува. Наместо тоа, разговарајте околку различните аспекти на некоја личност, како нејзиниот дух, умеења и погледи кон животот.
  • Вежбајте редовно. Практикувајте, најмалку еднаш неделно да имате одредена заедничка фамилијарна активност која ќе вклучи и некој облик на вежбање- на пример пешачење, танцување, пливање , играње топка .
  • Бидете критични при толкување на сликите во медиумите кои промовираат мршавoст.

 Всадете му на детето навика да вежба

  • Направете вашата фамилија да биде физички активна. Вежбајте вие и вклучете го вашето дете да вежба покрај вас. Мотив за вежбањето не треба да биде само губитокот на тежината, туку желбата да се биде поздрав и во кондиција. Обидете се да одберете тимски спорт во ќе ужива и вашето дете. Тимскиот спорт го потенцира другарството, тимската работа и компетицијата. Редовното вежбање обезбедува одржување на здрава телесна тежина а дебелината е честа причина за лош „боди имиџ“.

Помогнете му да се чувствува задоволно со себе
Чувството за идентитет и самопочит се исклучително важни за вашето дете. Охрабрете го да го изрази своето мислење и индивидуалноста. Следните сугестии може да помогнат:

  • Дозволете му да каже не. Охрабрете го да биде цврст ако почуствува дека кон него се однесуваат лошо.
  • Сослушајаате ја внимателно неговата загриженост околу обликот и изгледот на неговото тело. Ова е често во пубертетот. Убедете го дека физичките промени се норамални и дека настануваат кај секого, во одредено време.
  • Н е се потсмевајте во врска со неговата те ж ина или изглед.
  • Истакнете ги неговите постигнувања, талент, вештина и добри оценки.
  • Направете вашето дете да се чуваствува дека игра ва ж на улога во семејството ; на пример дајте му некоја задача во одр ж ување на куќата. Истакнете дека тоа е многу ва ж ен допринос за целата куќа.
  • Зборувајте со одговорните во училиштето , доколку се сомневате дека на вашето дете му се потсмеваат заради физичкиот изглед. Училиштето би требало да има програма за справување со насилство.

Кога да побарате помош?
Обратете се на лекар доколку сте загрижени за изгледот на вашето дете, за неговото чувство на самоценетост или навиките на исхрана, побарајте професионална помош.

Каде да се обратите за помош?

  • Вашиот лекар
  • Класниот раководител
  • Психолог
  • Диететичар
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со : 
Асс.д-р Камка Пакетчиева

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.