. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Вашето дете и телевизијата

 
  Објавено на: 12.04.2005

Современите деца претеруваат во гледањето телевизија, во многу развиени оопштества времето кое децата го поминуваат пред екраните е поголемо до она поминато во училиштето. Според некои статистики во САД , децата на возраст од 2-12 години , просечно гледаат телевизија околу 25 часа неделно. Слична е ситуацијата и во нашата земја. Би било корисно , ако таков моќен медиум како што е телевизијата , го искористиме за доброто на детето. Дали е тоа секогаш така ? Дали гледањето телевизија е безопасно? Дали треба да му дозволите на вашето дете слободно да гледа ТВ , колку што сака и што сака? Родителите треба да поседуваат одредени знаења поврзани со оваа тема, за да можат за сопственото дете да селектираат “вистински “ програм.

Какво е влијанието кое може да го има телевизијата врз вашето дете?
Гледањето телевизија може има многу позитивни ефекти врз развојот на детето, но истовремено и бројни негативни ефекти.Тешко е да се најде вистинската мерка , Родителите го познаваат своето дете најдобро и тие треба да одлучат што е најдобро за него. За да донесат правилна одлука треба да ги познаваат про и контра аргументите.

Гледањето телевизија може да има позитивни ефекти 

  • Телевизиска програма која е прилагодена за возраста на детето може да делува позитивно, забрзувајќи го процесот на учење кај децата.
  • Таквата програма допринесува за развој на имагинацијата , успешно ги промовира фамилијарните вредности, ги стимулира децата да размислуваат, со помош на телевизијата децата може да научат да читаат, учат броеви, облици , бои , се соочуваат со концептот за времето ( во колку часот е омилениот филм ?).
  • Децата често пати напредуваат така што се обидуваат да ги копираат улогите на возрасните и да се идентифицираат со позитивните телевизиски јунаци, да развива добри навики и т.н.

Гледањето телевизија може да има негативни ефекти
Телевизијата не е селективна, во однос на тоа, на што ги учи децата. Покрај позитивните, таа може да упати нездрави, погрешни и негативни пораки.

  • Малите деца не се способни да ја разликуваат фантазијата од реалноста и телевизијата им овозможува да се одвојат и да побегнат од реалниот свет.
  • Преку телевиз и јата , често пати се промовираат лажни вредности и погрешни модели , кои децата некритички ги прифаќаат.
  • Повеќе студии покажале дека доколу детето гледа ТВ повеќе од 1-2 часа/ден, ова има негативен ефект врз училишните постигнувања , особено врз читањето.
  • Во телевизиските програми , често е застепено насилството и оружјето. Децата, особено момчињата кои се изложени на вакви програми може да се обидат да ги имитираат агресивните акции, стануваат помалку чувствителни за страдањата на другите, кај некои деца се јавува „ напнатост “ (анксиозност).
  • На телевизиските програми скоро секојдневно е застапена сексуалноста, на начин кој не одговара на возраста на децата. Често се промовираат морални вредности кои се разликуваат од нашите лични убедувања . Сексуалноста се користи како средство, кое помага при продавањето на различни продукти , за различни реклами.
  • Некритички се промовира моделот на “уживање во материјалните добра“, без да се споменат ризиците од таквото однесување. Заради широката гледаност, сапунските серии и музичките видео спотови се идентифицираат како најчестата лоша понуда за децата.
  • Поведувајќи се слепо по телевизиската понуда, децата често стануваат жртви на погрешни стереотипови : некои улоги во телевизиските програми се преставуваат стереотипно врз основа на расата, полот, возраста или физичката убавина . Вредностите на младоста и на физичката привлечност често се ставаат на пијадестал и доведуваат до создавање на предрасуди кај децата.
  • Телевизијата може да има големо влијание врз создавањето на навиките и градењето на животниот стил на децата. Во современото општество кога повеќето мајки се вработени, телевизијата често се користи како некој вид на „бебиситер“.
  • Гледањето телевизија промовира нездрав начина на живот- неактивност и зголемен ризик за здебелување.Често, гледањето на телевезија е придружено со консумирање на т.н. “џанк“ храна и пијалоци, понекогаш кај поголемите деца, со пушење и алкохол. Доколку премногу време се троши на телевизијата, детето нема да има доволно време за други активности, кои ги стимулираат развојот и креативноста.
  • Тешко е детето да се заштити од комерцијализмот, кој е присутен секојдневно на телевизијата. Детската популација често преставува целна група, кон која е усмерено маркентишкото влијание на медиумите. Малото дете не е способно да направи разлика меѓу она што е комерцијализам и реална вредност. Таканаречената џанк храна како што се засладени цереалии за доручек, бомбони, кекси, чипс, брза храна и содирани и засладени напитоци , често се рекламира токму преку детските ТВ реклами. Децата кои гледаат ТВ, веројатно ќе јадат повеќе од тој тип на храна.

Генерални упатства за родителите

  • Според американската академија за педијатрија гледањето на ТВ треба да се ограничи на 1-2 часа/ден. Поставете ограничување, одредете го времето на гледање ТВ.
  • Најдобро е заедно со вашето дете да направите неделен календар и однапред заедно да одлучите кои прегорами ќе ги гледа таа седмица.
  • Бидете претпазливи при користењето ан ТВ како бебиситер. Ако сакате да ја користите ТВ во таа смисла, изберете внимателно програм или видео програм, исто како што би ја бирале бебиситерката.
  • Подобро е да го употребувате копчето наместо ТВ пилотот, кој често предизвикува потреба од опсесивно менување на каналите.
  • Ставете го телевизорот надвор од собата во која спие детето.
  • Во тек на ручекот или додека работите друго, исклучете го телевизорот.
  • Бидете модел според кој ќе се управува вашето дете. Можеби треба , прво вие самите да ги ревидирате сопствените навики на гледање ТВ?
  • Гледајте ТВ заедно со вашето дете и дискутирајте околу она што сте гледале. Наведете го детето да компарира она што го гледа на ТВ, со слични теми кои ги слушнало/учи во училиште.
  • Охрабрете го детето да гледа квалитетни програми и дискутирајте ги заедно Помогнете му да одвои што е релано и што е нереално на ТВ.
  • Не му дозволувајте да гледа програми на кои вие строго се спротивставувате и објаснете му зошто.
  • Доколку гледа насилство, прашајте го да размисли дали постојат други начини да се разреши проблемот, без да се повреди некој или нешто. Објаснете му зошто е важно да нема насилство.
  • Гледајте цртани филмови заедно и објаснете му дека постои разлика меѓу филмот и реалниот живот.
  • Гледајте реклами со вашето дете. Помогнете му самото да идентифицира што треба да се продаде и како.
  • Кога гледате реклами за џанк храна на ТВ, објаснете му колку се важни добрите навики во исхраната и добриот избор на храна.
  • Заедно со вашето дете прочитајте за тоа како настанува телевизиската продукција или ако е можно посетете го заедно ТВ студиото. Кога ќе види како е во реалноста, веројатно е дека ќе биде помалку импресиониорано со телевизискиот гламур.
  • Предложете му конструктивни алтернативи за гледањето на ТВ ( нешто што ќе биде доволно интересно за да го прифати, а истовремено корисно за здравјето на детето).
  • Немојте да бидете дефанзивни, доколку имате големи забелешки на локалните ТВ програми/станици, кажете го своето мислење јавно и аргументирано. Ќе се изненадите, ова понекогаш има ефект.

Алтернативни активности (наместо гледање телевизија)

  • Играјте со сликовници, играјте табла или карти, цртајте или боите, започнете некој хоби, пишувајте писма, аранжирајте семејна вечер а , гледајте видео ( одберете програм според сопствениот вкус).
  • Вежбајте, одете пешки, пливајте, играјте топка, возете точак, работете во градината.
  • Собирајте нешто ( станете колекционер на пр. на салфети, значки , слики и сл. )
  • Работете нешто креативно- свирите на некој инструмент, читајте или гответе нешто заедно, играјте едука тивни компјутерски игри, направете претстава, правете нешто од пластелин, слушајте музика, пејте и играјте.

Каде да се обратите за совет?

  • Вашиот педијатар
  • Психолог
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со : 
Асс. д-р Камка Пакетчиева

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.