Повеќето знаеме дека треба да се храниме поздраво. Знаеме дека високата содржина на масти, и холестерол во храната не се добри за нaшето здравје. Но малку сме несигурни околу тоа, што точно треба да измениме во нашата исхрана за да таа биде здрава. Неколку едноставни упатства може да ви помогнат да разберете што треба да промените во вашите навики во исхраната.
- Консумирајте помалку храна од животинско потекло. Холестеролот е присутен само во храна од животинско потекло, како што се месото, јајцата, пилешко, млечни производи ( млеко, путер, сирење , јогурт).
- Консумирајте помалку масти. Исклучете ги производите кои содржат тип на масти кои предизвикуваат срцеви болести. Избегнувајте: масло за готвење, крем сосови, маргарин, млеко, јогурт, путер, сирење, месо, пржени продукти, живина.
- Консумирајте повеќе овошје, зеленчук и интегрални житарки. Овие храни се богати во витамини, минерали и јагленохидрати, неопходни за енергија.
- Консумирајте повеќе храна богата со влакнести материи. Влакнестите материи се наоѓаат единствено во растителната храна. Важни се, бидејќи ја подобруваат функцијата на цревата, го намалуваат ризикот за срцево заболување и ризикот за некои типови на канцер. Влакнести материи се наоѓаат во: грав и грашок, овошје, зеленчук, интегрален леб и цереалии. Овие храни покрај влакната содржат и други нутритивно важни компоненти. Затоа е подобро да се консумира храна богата со влакнести материи, а не суплементи.
Следете го 5 дневниот план
Секој ден земајте најмалку 5 оброци на овошје, зеленчук, или житарици.
Колкави да бидат оброците?
Хранителни единици |
Тоа може да е |
Едно цело (интегрално) свежо овошје |
Една јаболка или еден портокал |
Една шолја свеж зеленчук |
Морков или свежи тиквички |
1/2 шолја варен/конзервиран зеленчук |
Било кое овошје или зеленчук |
1/2 шолја незасладен сок |
Било кое овошје или зеленчук |
Не е комплицирано да се осмисли здрава исхрана
- Следи го “петдневниот план“
- Секој ден консумирај различна храна
- Исфрли ги мастите
- Јади повеќе овошје, зеленчук и интегрални житарки секој ден
Ќе се чуваствуваш подобро и ќе бидеш поздрав.
|