. .
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 


     
 
Новороденото и витамин К

 
  Објавено на: 12.04.2005
  • Витаминот К е неопходен за коагулацијата на крвта. Поголемите деца и возрасните главно се снабдуваат со витамин К од бактериите во цревата кои го произведуваат и во извесна мера од храната. Без доволно витамин К, мали посекотини може да доведат до крварење кое трае подолго време и од мали повреди може да се создадат големи хематоми. Крварење може да се јави на различни места во организмот.
  • На раѓање бебињата имаат многу малку витамин К. Витаминот К не ја поминува плацентата, а цревата на раѓање се стерилни ( нема бактерии кои би го произведувале витаминот К). По раѓањето бебињата примаат малку витамин К преку мајчиното млеко. Новородените бебиња, во тек на првите неколку недели додека цревните бактерии не започнат да го произведуваат може да имаат недостаточно витамин К. Во адаптираните млека се додава витамин К, така бебињата на вештачка исхрана имаат повеќе.
  • Некои бебиња имаат исклучително тешки крварења заради недостаток на витамин К- најтешки се мозочните крварења, кои предизвикуваат трајно мозочно оштетување. Овие крварења се нарекуваат хеморагачна болест на новороденото (ХБН).

Како се превенира хеморагична болест на новороденото?
Сите бебиња на раѓање рутински примаат инекција витамин К, во некои држави, вклучувајќи ја и нашата. Тоа е најдобрата превентивна мерка која го намали ризикот од хеморагична болест на новороденото, особено кај ризичните бебиња. Дадениот витамин К треба да се запише во здравствениот картон на новороденото. Можно е наместо инекција да се дава витамин К во форма на капки, но ваквиот начин се покажал помалку сигурен.

Каде да се обратите за совет

  • Вашиот педијатар
  • Педијатар неонатолог
  • Клиника за детски болести- неонатолошка консултативна амбуланта
Подготви :
Проф.д-р Кузмановска Дафина
Во консултација со : 
Проф.д-р Катица Пиперкова

Текстот има за цел да информира и да едуцира и не е замена за професионална медицинска евалуација, дијагноза или третман

     

 

 
 

За нас | Партнери | Напомена | Мапа на сајтот | Контакт

© 2005. Детско здравје. Сите права заштитени.