За секој болен од астма, треба да се направи акционен план, кој ќе го составите во консултација со вашиот доктор. Овој план треба редовно да се ревидира и прилагодува. Не постои стандардна астма, затоа планот треба да е строго персонализиран. (индивидуализиран, посебно направен за секој поединечен случај).
План за водење на астма
Планот треба да ги содржи имињата на лековите кои треба да се земаат, дозата, кога да се земат лековите , колку често планот треба да се ревидира
Акционен план
Овој план треба да му помогне на пациентот адекватно да се справи со астмата во во случај таа да излезе од контрола. Со помош на овој план пациентот ќе може да го препознае влошувањето на астмата, ќе знае како да постапи во случај на влошување и кога треба да побара медицинска помош. По секој потежок напад, овој план треба да се ревидира од страна на педијатарот.
Што треба да содржи планот за акција (сугестии)
Во акциониот план треба да се напишани: клиничките симптоми и резултатите од пикфлоуметријата или двете. На пример, ако резултатот од пикфлоуметријата падне на 70%, акциониот план треба да советува дуплирање на превентивниот лек и совет задолжително да се контактира докторот. А ко резултатот од флоуметријата падне на 50% планот треба да сугерира посета на болницата . Добро е копија од акциониот план да се остави кај одговорните во училиштето.
План за детето
Кога детето е доволно возрасно за да разбира, треба да му се објасни заболувањето и да се охрабри самото да ги препознава симптомите и да ги третира.
Итен акционен план
Понекогаш, н ападот на астма може да се развие за неколку минути. Во овој план се содржани упатствата за таквата ситуација.
- Седнете го детето во исправена положба.
- Протресете го дозирачкиот инхалатор(„пумпичката“).
- Се става инхалаторот на едниот крај на спејсерот, а другата страна, каде што е усникот, се зафаќа цврсто со усниците.
- Се притиска канистерот (шишенцето).
- Се вдишува бавно и мирно со еден здив.
- Ако е отежнато дишењето, треба да се дише без напор, удобно колку што е можно
- Инхалаторот повторно се притиска ако има потреба за тоа
- Здивот се држи 5-10 секунди
- Ако не може да се задржи здивот, може да се прави плитко вдишување како и кај нормалното мирно дишење. Вдишувањето и издишувањето се повторуваат 6 пати.
Ако нема подобрување викнете брза помош и повторете го истото, додека чекате да дојде амбулантната кола.
Каде да се обратите за помош?
- Вашиот педијатар
- Клиника за детски болести- консултативна пулмоалерголошка амбуланта
- Институт за белодробни заболувања за деца
|