За веб страницата „Детско здравје„ Веб страницата „детско здравје“ е воспоставена во април 2005 год. со подршка на НВО „Детска насмевка„ од Скопје и НВО „Интер-етник“ - Гостивар (ИПГ).Мисијата на „е-детско здравје“ е да им овозможи нa децата/родителите и луѓето од пошироката заедница пристап до авторитетни, веродостојни, современи и локално релевантни медицински информации преку интернет, презентирани на едноставен и разбирлив начин.Овие информации постојано се надградуваат и регуларно се ревидираат.
За тимот Тимот кој го изработи порталот се состои од искусни клиничари и едукатори, кои имаат широко познавање во различни подрачја на медицината и промоцијата на здравјето. Консултантите кои учествуваа како партнери се лидери во нивните подрачја на здравствена заштита. Нивната експертиза, тимската работа и посветеност на квалитетот, ја подржуваат нашата мисија да им помогнеме на луѓето да пронајдат егзактни одговори на различни прашања поврзани со детското здравје.
Тим
Стефан Талевски, MD, PhD - главен едитор-специјалист по интерна медицина и пнеумофтизиологија, експерт на Project Hope и Светската здравствена организација, со искуство во меѓународни проекти од областа на промоцијата на здравјето.
Дафина Кузмановска, MD, PhD, водител на проектот - специјалист по педијатрија, субспецијалист по нефрологија, редовен професор по педијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје.
Стевка Грујовска, MD, PhD, едитор- специјалист по педијатрија, субспецијалист по детска гастроентерологија со хепатологија, редовен професор по педијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје, соработник на на проектот.
Софијанка Гламочанин, МД , PhD консултант , специјалист по педијатрија и субспецијалист по детска хемато-онкологија, редовен професор по педијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје.
Розана Кацарска, МД, PhD консултант, специјалист по педијатрија и субспецијалист по детска кардиологија, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје .
Мирјана Кочова, МД, PhD консултант, специјалист по педијатрија и субспецијалист по ендокринологија, реодвоен професор по педијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје.
Лилјана Кртева, МД, консултат-специјалист по инфективни болести, асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, вработена на Клиниката за инфективни болести.
Марија Кутурец, МД, PhD консултант- специјалист по педијатрија, субспецијалист по детска неврологија, редовен професор по педијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје
Камка Пакетччиева, МД, консултант-специјалист по детска психијатрија, асистент на Медицинскиот факултет во Скопје, вработена на Клиниката за психијатрија
Соња Пеева, МД, PhD, консултант, специјалист по педијатрија и супспецијалист по имунологија, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје
Христо Петановски, консултант – специјалист по детска стоматологија и превентивна стоматологија, вработен на Клиниката за стоматологија
Катица Пиперкова, МД, PhD, консултант- специјалист по педијатрија и супспецијалист по неонатологија, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје
Миле Петровски МД, PhD, консултант-специјалист по хирургија и субспецијалист по детска хирургија, вработен на Клиниката за детска хирургија
Славејко Сапунов, МД, PhD, консултант- специјалист по гинекологија и акушерство, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје
Предраг Трендафиловски, МД, PhD консултант-специјалист по педијатрија, субспецијалист по детска пулмоалергологија, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, во пензија
Драги Христов, МД, примариус, консултант – специјалист по ортопедија, асистент на Медицнскиот факултет во Скопје, вработен на Ортопедската клиника
Нора Абази, МД, соработник на проектот - лекар „на специјализација“ по педијатрија, вработена на Клиниката за детски болести во Скопје, одговорна за превод и прилагодување на текстовите на албански јазик
Владимир Ѓуричиќ , студент по Албански јазик и литература, одговорен за превод на текстовите од англиски на македонски и асистент во преводите од македонски на албански јазик
Ирина Костовска , административен асистен - менаџер на игротеката „ Весела азбука“
Мерита Шакири, соработник на проектот - психолог, организатор во програмата на албански јазик во Радио Скопје
Јасмин Хаџивасилев , доктор по ветерина, соработник на проектот
Тодор Лазаровски, компјутерски асистент, одговорен за дизајнот на web страницата
Како ги подготвуваме информациите ? Текстовите на веб страницата „ детско здравје“ ги подготвуваат лекари од тимот кој учествува во изработка на проектот, во консултација со реномирани експерти од одредени области од медицината, како партнери ( консултанти). Сите текстови поминуват низ устален процес на одобрување, кој ги вклучува партнерите, лекарскиот тим ангажиран од „Детска насмевка“ и главниот едитор. Најголемиот дел од текстовите се развиени врз основа на типичните прашања на пациентите. Текстовите ќе се прегледуваат и осовременуваат еднаш годишно. При подготовката на текстовите користена е следната литература:
Nelson: Textbook of Pediatrics 17th edition (May 2003): by Richard E., Md. Behrman (Editor), Robert M., Md. Kliegman (Editor), Hal B., Md. Jenson (Editor) by W B Saunders
Теми Под категоријата теми, на порталот може да се најдат повеќе од 100 теми поврзани со здравјето на детето. Тие се достапни на македонски и албански јазик. При бирањето може да се користи азбучен редослед, или може да се избере истата тема, во некоја од групите родители/деца и млади или во некоја од подгрупите:
Семејство/односи
Раст и развој
Однесување и емоции
Здрав животен стил
Исхрана
Инфекции/Имунизација
Болести/Здравствени проблеми
Превенција на зависности
Безбедност
Неспособности
Рекламна политика
Оваа web страница не е комерцијална и не прима средства за рекламирање. Како непрофитна организација, немаме конфликт на интереси.
Зошто не може да поставам индивидуално, специфично прашање и да добијам одговор од некој од „детско здравје“? Најпогодната личност за да поставите прашање е вашиот лекар. Ништо не може да замени жива консултација со лекарот, земање на добра историја на болеста, преглед и разговор. Здравствената информација на интернет има цел да информира и едуцира и во никој случај не може да преставува замена за посетата кај лекарот и професионалната медицинска евалуација, дијагноза или третман.
Како да реагирам ако забележам дека на страницата има фактографски грешки или други проблеми? Добродојдени се сите аргументирани забелешки. Испратете ги своите сугестии, специфицирајте за која страница и за кој факт станува збор contact@detskozdravje.org.mk.